ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најави: Жбогар ќе ја објасни новата методологија за ЕУ

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на брифинг со новинарите ќе зборува за новата методологија за проширување во просториита на Делегацијата на ЕУ во 10 часот.

February 7, 2020 09:56
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за одбрана и безбедност, за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за транспорт врски и екологија, а две  седници ќе одржи законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за техничката инспекција и на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии, четирите по скратена постапка – второ читање.

Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите ќе ги разгледа годишните извештаи за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2019 година и за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2019 година.

Комисијата за одбрана и безбедност има само една точка на дневниот ред – Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена постапка – второ читање, поднесен од пратениците Хари Локвенец и Џеват Адеми.

По една точка на денешните седници ќе разгледаат и членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни паршања и тоа Упатството за примена на Kодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и на Комисијата за транспорт врски и екологија – Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило по скратена постапка, поднесен од пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници од кои на дневниот ред на првата е само Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило, по скратена постапка, а на втората се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за државен пазарен инспекторат, на Законот за техничката инспекција, и на Законот за минерални суровини, трите по скратена постапка, како и на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, во прво читање.

Од друга страна, премиерот Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерката задолжена за координација со економските ресори, Мила Царовска, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева, директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, претставници на компаниите „Енергоинвест“ од Република БиХ и „Кончар“ од Република Хрватска ќе се обратат на церемонијата на потпишување на договори меѓу МЕПСО и „Енергоинвест“ од БиХ и „Кончар“ од Хрватска, во Медија центар во Владата во 10 часот.

Потоа, Премиерот Оливер Спасовски заедно со министерот за здравство Венко Филипче ќе го посетат реновираниот стационарен оддел на Универзитетската клиника за неврохирургија, во 11 часот.

Прес-конференција во Владата во 12 часот ќе одржи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерката за финансии, Нина Ангеловска и заменик – претседателот на „Мастеркард“, Чарлс Валтон, по која ќе следи потпишување на меморандум за соработка за воспоставување услуга за дигитална идентификација, исто така, во Владата во 13.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе присуствува на отворање нов Оддел што ќе го истражува животот и делото на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза, во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во 11 часот.

Седница, половина часот по пладне, ќе одржи и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Граѓанската асоцијација МОСТ организира конференција на тема: „Транспарентност на Собранието – предизвици за новиот парламентарен состав“ во Големата сала во Собранието во 11 часот.

Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Борис Георгиевски ќе го отвори вториот циклус регионални форуми, проект „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој” во Стопанската комора на Македонија во 11 часот.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на брифинг со новинарите ќе зборува за новата методологија за проширување во просториита на Делегацијата на ЕУ во 10 часот.

Попладнево во 18 часот, во Народниот театар во Битола се  одбележува 75-годишнина од одржувањето на првиот час на настава на македонски јазик.

Меѓународна манифестација „Ноќ на идеите во Скопје“ на тема „Климатските промени и нејзините последици врз животот на луѓето и биодиверзитетот“, во организација на Францускиот институт во Скопје ќе се одржи во Europe House во 18 часот.

Во рамките на Денови на словенечка култура: 100 години од раѓањето на Франце Штиглиц – Прешернови денови ќе биде прикажан првиот словенечки долгометражен игран филм „На својата земја“ во Кинотека во 20.30 часот.

Next Post

Нов софтверски проблем во авионот „Боинг 737 MAX“

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk