Загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали се потрошиле државни пари за авио билет на Заев, нѐ инспирираше да се потсетиме како се трошеа народните пари на граѓаните додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. На алатката за отчетност повеќе не се наоѓаат овие податоци, но затоа истите може да се најдат на достапните табели со трошоци на сите функционери во делот на отворени податоци (линк до табелата со сите податоци ТУКА).
Најинтересни се трошоците за авио билети на двајца безресосни министри, Бил Павлески и Џери Наумов, на чии големи достигнувања во полето на странски инвестиции не се сеќава никој. Всушности ни на самите министри не се сеќава никој. А никој не се сеќава и дека за авио билети потрошиле вртоглави 4.807.175,00 денари и тоа Бил Павлески 2.206.822,00 денари, а Џери Наумов 2 600 353, 00 мкд. Тоа е поради фактот дека овие податоци во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не беа јавно достапни, иако се работи за пари на граѓаните.
Еве уште една споредба. Во 2014 и 2015 година, Груевски и неговите министри потрошиле фантастични 34.646.863 денари, а Владата на Заев во 2017 и 2018 година, речиси три пати помалку: 11.915.627 денари.
На социјалните мрежи успеавме да ја најдеме и фактурата на СДСМ на која се гледа дека авио билетот на Зоран Заев како придружба на актуелниот премиер Спасовски на посетата на Вселенскиот Патријарх, е платена од страна на партијата на која е претседател.
Б. Ј.