ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи за МИА: Апел до сите политички партии да го прифатат амандманот на ДУИ за изборните единици

Едно прашање што е исклучително важно и од кое зависи законитоста на изборниот процес е разликата во бројот на гласачи во различните изборни единици, посочи Османи.

February 8, 2020 08:46
in ИЗБОРИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Донесувањето на Изборниот законик е исклучително важно за регуларноста на изборниот процес и тоа од повеќе аспекти. Прво, заради тоа што треба да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а тоа особено ни е важно сега во пресрет на европските самити, но второ и заради тоа што првпат влегуваме во еден нов начин на финансирање на изборните кампањи, каде што многу прашања треба да се регулираат.

Ова денеска во интервју за МИА го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во врска со барањето на ДУИ за детално балансирање на изборните единици.

– За сите овие прашања постигнавме консензус помеѓу политичките партии. Едно прашање што е исклучително важно и од кое зависи законитоста на изборниот процес е разликата во бројот на гласачи во различните изборни единици, посочи Османи.

Постои впечаток дека ДУИ го блокира Изборниот законик во Собранието, барате балансирање на изборните единици. Може ли појаснување?

– Донесувањето на Изборниот законик е исклучително важно за регуларноста на изборниот процес и тоа од повеќе аспекти. Прво, заради тоа што треба да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а тоа особено ни е важно сега во пресрет на европските самити, но второ и заради тоа што првпат влегуваме во еден нов начин на финансирање на изборните кампањи, каде што многу прашања треба да се регулираат. За сите овие прашања постигнавме консензус помеѓу политичките партии. Едно прашање што е исклучително важно и од кое зависи законитоста на изборниот процес е разликата во бројот на гласачи во различните изборни единици.

Пред неколку дена ДИК и претседателот испрати писмо до Министерството за правда, укажувајќи дека првпат во четири изборни единици имаме девијација од над 5 проценти, коешто е надвор од законските ограничувања, и тоа разликата помеѓу шестата ИЕ и третата ИЕ е околу 40.000 гласачи, со што ги прави гласачите нерамноправни, односно со не иста тежина нивниот глас при нивниот избор. И ова е причината и точно е дека ДУИ го кочи во моментот во Собранието Изборниот законик затоа што не сакаме да ја преземеме одговорноста за незаконитост на изборниот процес. Постојат најави дека луѓето може да поднесат претставка до Уставниот суд за незаконитост на изборниот процес и тоа дополнително да го комплицира не само изборниот процес, туку и политичката ситуација воопшто.

Затоа, предложивме прецизни и добро измерени калкулирани преместувања на изборни места од една во друга ИЕ со цел сите ИЕ да паднат под законскиот лимит од 5 проценти. Апелираме до политичките партии да го прифатат овој амандман на ДУИ бидејќи целта на овој амандман единствено е законитоста на процесот и овозможување рамноправност во тежината на гласот на секој граѓанин во која било ИЕ. Се надеваме дека политичките партии ќе рефлектираат на оваа потреба и нема да дозволат ризикување на незаконит изборен процес, којшто дополнително може да ја отежне политичката состојба во земјава.

ДИК веќе реагираше. На овој начин сакате да ја средите целата оваа ситуација со изборните единици, не преку Министерството за правда, туку со амандманска измена?

– Предлогот е на пратениците. Во работните групи го предложивме нашиот амандман, тоа е амандманот 51, кој се однесува на членот 175 од актуелниот Изборен законик во којшто ќе се третираат овие преместувања на изборни единици од една во друга ИЕ. Очекуваме политичките партии да го прифатат овој амандман за да можеме да го потпишеме и ние Изборниот законик и да оди со консензус да се изгласа. Законот може да се изгласа уште денеска, претседателот на Собранието би свикал посебна седница на Собранието во секој момент кога ќе се постигне консензус за ова прашање. Деновите се кратки, имаме уште три работни дена вклучувајќи го и денешниот за да може да постигнеме консензус. Мислам дека мора да обезбедиме законитост на процесот. Кое било друго прашање во еден незаконит процес ќе биде ставен под прашање.

Според Ваши сознанија, постои ли волја за консензус?

– Засега одредени политички партии сметаат дека е премногу доцна за да се влезе во такви калкулации, другите ги прават калкулациите. Меѓутоа, ова не е прашање на политичка волја. Ова е прашање на почитување на законот – дали свесно ќе влеземе во процес во којшто во четири од вкупно шест изборни единици се крши Изборниот законик.

За законот за јавно обвинителство собранискиот спикер Талат Џафери излезе со став дека доколку се донесе усогласен став до 23 часот на 12 февруари може да се стави на собраниска седница. Имате ли сознанија дали постои волја кај ВМРО-ДПМНЕ да се усогласи овој закон или ќе се оди на барање двотретинско мнозинство?

– Знаете дека суштината на законот за јавно обвинителство е решена со фактот што ЈО ја презема работата на СЈО. Меѓутоа, сепак, формата на овој закон, потребата за донесување е повеќе останата во перцепцијата на некои земји членки како важен критериум за донесување одлука за започнување на преговорите и покрај тоа што велам дека суштинските прашања на законот се веќе третирани на поинаков начин. Предметите се преземени, архивата, вработените. Меѓутоа, заради тоа што и перцепцијата е важна во политиката, затоа правиме напори да најдеме консензус и да го донесеме законот. Консензусот е важен и заради тоа што би испратиле порака дека кога се однесува за борбата против корупцијата сите политички партии сме „за“. Веројатно има и обиди и да се обезбедат 80 пратеници надвор од партиските ставови, односно да се види ставот на пратениците, така што има уште три дена да се направи тој обид да се види дали има 80 пратеници да се обезбедат за законот за јавно обвинителство. 

Next Post

СКАНДАЛОЗНО: За детските борби во Капиштец се наплаќало присуство

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk