Адвокатот Јанаки Митровски, бранител на Драгана Јакимовска, која е екссопруга на обвинетиот Емил Јакимовски, по судењето кажа дека укинувањето на мерката притвор и бранењето од слобода би значело можност тој да го повтори делото, пренесе Макфакс.
„Аргументите на обвинетиот му беа дека треба да поведе работен спор па бараше укинување на мерката притвор. Тоа не е причина за укинување на мерката притвор”, посочи Митровски.
Тој смета дека обвинетиот Јакимовски е опасен за себе и околината.
„Една од причините за мерката притвор е можноста тој да го повтори делото или да го доврши тоа што го почнал. Тој е опасен за себе и околината”, додаде Митровски.
Во ќелијата на притворениот заканувач Емил Јакимовски при претрес бил пронајден мобилен телефон со СИМ-картичка, констатираше судијката Џанера Бегтовиќ на првото судење. За ова била известена од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Вештак направил прихијатриско вештачење, а во заклучокот навел дека е способен да го следи судењето. Обвинителката Наташа Сарамандова побара вештакот да биде повикан на следното судење.