ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Ја очекуваме поддршката од Холандија на претстојните самити на ЕУ

Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави и ова прашање да биде затворено пред мајскиот самит посветен на Западниот балкан во Загреб, посочи Османи, упатувајќи на силен оптимизам кој се создава во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на Хрватското претседателство. 

February 10, 2020 10:21
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ја очекуваме поддршката од Холандија на претстојните самити на Европската Унија, а особено ја цениме билатералната поддршка која земјава во континуитет ја добива што особено внимателно е таргетирана во развојот на демократските капацитети на општеството, владеењето на правото, поддршка за реформите, порача вицепремиерот за вропски прашања, Бујар Османи на средбата со делегацијата на Комисијата за европски прашања при Парламентот на Кралството Холандија, предводени од пратеникот Хајке Велдман, кој е претседател на Комисијата.

Тој, како што информираат од СЕП, упати благодарност до делегацијата и за севкупната политичка поддршка за европските и евроатлантските аспирации на земјава.

-Новата методологија претставува исклучително добра основа за да се забрза и унапреди квалитетот на преговарачкиот процес. Земјите-членки ќе добијат засилен политички мониторинг и насочување на процесот, додека земјите-кандидатки ќе добијат фер можност, низ прецизен и јасен мерит систем на дело да покажат колку се подготвени за напредок во европските интеграции, истакна Османи, пренесувајќи ги впечатоците на Владата по прашањето на новата методологија.

 

Нагласи дека имаме позитивни сигнали дека методологијата ги задоволува барањата на земјите-членки.

-Тоа го враќа оптимизмот во процесот на проширување, враќајќи го со тоа и кредибилитетот на Европската Унија во регионот, кој по октомвриските самити беше значително нарушен. Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави и ова прашање да биде затворено пред мајскиот самит посветен на Западниот балкан во Загреб, посочи Османи, упатувајќи на силен оптимизам кој се создава во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на Хрватското претседателство. 

Next Post

Продожуваат разговорите за решавање на политичката криза во Словенија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk