ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Седницата за Законот за Јавно обвинителство закажана за вечерва во 17 часот

За утре веќе е најавено обраќањето на претседателот на словенечкиот збор Дејан Жидан, а потоа и свечената седница за ратификација на протоколот за НАТО што ќе биде со одложено дејство.

February 10, 2020 12:53
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Фото: Арбен Зеќири

Фото: Арбен Зеќири

Share on FacebookShare on Twitter

Седницата за Законот за ЈО закажана официјално за вечерва во 17:00 часот, дознава Фронтлајн од собраниски извори.  Предлог – законот за јавно обвинителство е пристигнат во Собранието на Република Северна Македонија, а по формалната проверка е доставен до пратениците, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Во Собранието се одржа редовна понеделничка средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи на која се очекува да биде дефинирана агендата за парламентарната работа пред распуштањето кое се очекува да се случи неделава, кога и треба да бидат закажани предвремените парламентарни избори најавени за 12 април.

За утре веќе е најавено обраќањето на претседателот на словенечкиот збор Дејан Жидан, а потоа и свечената седница за ратификација на протоколот за НАТО што ќе биде со одложено дејство.

Владата, претходно денеска, соопшти дека го утврдила Предлог-законот за јавно обвинителство и оти тој е усогласен во претходна постапка во Собранието и во него се вградени решенија што обезбедуваат функционирање на принципот на владеењето на правото согласно европските вредности со прeдвидени услови за фер и еднаквост на страните во правосудната постапка.

-Решението на Предлог-законот гарантира дека сите судски процеси кои беа во надлежност на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се распоредуваат на јавните обвинителства на натамошно кривично гонење согласно нивните надлежности утврдени со овој закон за да добијат правна разрешница пред надлежните судови, низ професионална и фер постапка, базирана на докази, се вели во соопштението од Владата.

А.Зеќири

Next Post

Со досадни партиски програми или со авторитетни непартиски кадри

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk