ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новата методологија за проширување пред Националниот совет за евроинтеграции

Според Жбогар, документот обезбедува добар баланс меѓу различните ставови на земјите-членки, оние кои имаат проблеми со процесот на проширување и оние кои се големи промотори на проширувањето.

February 10, 2020 08:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Собранискиот Националниот совет за евроинтеграции денеска ќе одржи седница на која ќе биде презентирана новата методологија за преговори за проширување на Европската унија предложена од Европската комисија.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар во петокот на брифинг со новинарите новата методологија ја оцени како брза трака за оние кои навистина сакаат да вложуваат.

Кредибилност, поголемо политичко управување со процесот, предвидливост и динамичност се четирите принципи на кои се базира новата методологија, а со неа земјите-членки ќе имаат поголема улога во оценувањето на напредокот на земјите кои преговараат.

Според Жбогар, документот обезбедува добар баланс меѓу различните ставови на земјите-членки, оние кои имаат проблеми со процесот на проширување и оние кои се големи промотори на проширувањето.

Вклучувањето на секоја земја-членка во проценката на прогресот, според Жбогар нема да го направи преговарањето процес без крај, туку напротив на тој начин земјите-членки ќе бидат ставени во игра доволно рано во преговорите за да нема никакви проблеми подоцна и тие понатаму да ја преиспитуваат одлуката на Европската комисија.

Експерти од земјите-членки ќе доаѓаат во оценувачки мисии, кои ќе изготвуваат извештаи налик на тој на Прибе.

-Целта е да се избегнат одложувањата, во случај земјите-членки да имаат различни гледишта, рече Жбогар и додаде дека досега процесот меѓу земјите-членки се гледал како сопственост на ЕК.

Преговорите ќе се водат на подинамичен начин преку кластерите (групи на поглавја) кои ќе се отвораат зависно од проценката на напредокот во земјата кандидат, но останува принципот според кој поглавјата поврзани за владеењето на правото и правдата се темел на целиот процес. Шест се на број кластерите поделени на фундаментални теми (судство и темелни права, правда, слобода и безбедност, економски критериуми, демократски институции, јавна администрација, јавни набавки, статистики, финансиска контрола), Внатрешен пазар, Конкурентност и инклузивен раст, Зелена агенда и одржлива поврзаност, Ресурси, земјоделство и кохезија, Надворешна политика.

Фундаменталните теми ќе се отвораат први и додека не се затворат, нема да можат да се затворат ниту другите кластери. Жбогар вели дека никаде во документот нема импликација дека шестте кластери треба да се отвораат еден по друг, можат истовремено да се отворат неколку кластери, тоа зависи од земјата и од нејзините внатрешни специфики.

Жбогар смета дека институциите во земјава имаат капацитет за новата методологија, напомена дека она што треба да се покаже е волја за нејзина примена, доколку таа биде усвоена.

Се надева и очекува дека земјите-членки ќе го прифатат документот пред крајот на март, со оглед на тоа што на 24 март заседава Советот за општи работи, а потоа следува Советот. Вели времето е кусо, но се надева дека двата процеси ќе добијат зелено светло – и новата методологија и датум за отпочнување преговори за членство за земјава.

Next Post

Во судница нови материјални докази за „Рекет”

НАЈНОВО

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025

ЕУ дели 40.000 бесплатни билети за патување низ Европа за 18-годишници

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk