ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Исплатена помошта за лозарите кои имаа предадено, а неисплатено грозје од винарниците

На сметките на 325 лица, Агенцијата исплатила вкупно 9.896.812 денари за предадено, а ненаплатено грозје. Висината на оваа дополнителна помош се утврдува според сортата на предадено грозје која не е повисока од просечната цена за откуп на винско грозје во Република Северна Македонија и која е утврдена на годишно ниво за период од 2014 до 2016- та година

February 11, 2020 11:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лозарите кои го предале, а не го наплатиле грозјето од винарниците во периодот од 15 август 2014 до 15 ноември 2016 година денеска на сметка добија средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерката 8а „Дополнителна помош за предадено, а неплатено винско грозје“.

На сметките на 325 лица, Агенцијата исплатила вкупно 9.896.812 денари за предадено, а ненаплатено грозје. Висината на оваа дополнителна помош се утврдува според сортата на предадено грозје која не е повисока од просечната цена за откуп на винско грозје во Република Северна Македонија и која е утврдена на годишно ниво за период од 2014 до 2016- та година.

-Денеска се исплатени оние лозари кои беа на спискот од Државниот инспекторат за земјоделство и во периодот 2014 – 2015 година, предаденото грозје не им беше исплатено. Овие корисници во изминатиот период ги доставија потребните податоци и со тоа законски се стекнаа со можноста за добивање финансиска поддршка. Додека, останатите кои сеуште ги немаат доставено потребните податоци, ги повикуваме во најкраток рок да ги достават во Подрачните единици на МЗШВ, или директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рураниот развој со цел истите да бидат исплатени, информираат од Агенцијата.

Вкупно по оваа мерка 8а досега на сметките на 2.592 лица исплатени се 100,578.318,00 денари.

Со ова, велат надлежните, се решава долгогодишен, наследен проблем и се исправа една неправда која им беше нанесена на лозарите.

Од Агенцијата најавуват дека праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува и дека парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, односно пред почетокот на новата реколта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk