ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нашата колективна амнезија за нивната колективна амнестија

Со нужните компромисите за Преспанскиот и за новиот устав, Македонија ги крена интеграциските блокади но и го доурниса и онака урнисаниот правен поредок. Компромис се бара и сега. На прагот на изборите и на прагот на почетокот на преговорите со Европската Унија. Овојпат за Законот за Јавното обвинителство. Компромис поради уцени за овдешни политички, партиски, себични, криминални побуди

February 11, 2020 15:59
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ/ЦИВИЛ

Па добро, ете така требало. Неправдата да биде цената за нашите перспективи. Онаа највисоката со која, во својата тридецениска кризна транзиција, државата и општеството со несмален интензитет продолжува скапо, многу скапо да ја плаќа неправдата.

Со нужните компромисите за Преспанскиот и за новиот устав, Македонија ги крена интеграциските блокади но и го доурниса и онака урнисаниот правен поредок. Компромис се бара и сега. На прагот на изборите и на прагот на почетокот на преговорите со Европската Унија. Овојпат за Законот за Јавното обвинителство. Компромис поради уцени за овдешни политички, партиски, себични, криминални побуди.

Земјата уште долго ќе ја плаќа цената на деценискиот режим. Ќе го плаќа изгубеното децениско време за решавање на споровите што ни ги наметнуваат соседите, за блокораните евроинтеграции, за антиквизацијата, за сваровски судството, за доминантната корупција и клиентелизмот, за изборните уцени и кражби. За сите негативни рефлексии од тоталитарната десетгодишна партиска окупација.

Па, ако така требало да биде, ако цената е амнестијата, ајде да си го платиме и овој цех. Да си ги амнестираме обвинетите и потенцијалните криминалци согласно новите предлози во Предлог законот за обвинителство. Да затвориме уште една темна македонска политичка транзициска страница. И ајде политиката да им се извини на граѓаните. На шарените, на осудените кои не ги закачи ова најнова тивка политичка амнестија. И на чесните затоа што беа чесни. Затоа што не се огрешија на ниту еден закон и на кои политиката ним не им пружи никаква шанса да бидат амнестирани.

Сега по сè, по договорниот или премолчниот компромис меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тука е и ДУИ, секако и меѓу клучните осумтемина и со уште со по некој непринципиелен глас во собранието, следува уште малку и политички театар. И, ајде и ова нека мине. И конечно нека се договорат. И нека направат компромис да ги убедат европските бирократи што побрзо да стасаат во земјава. Македонија на пролет да го добие посакуваниот европски датумот за преговори. Не за толку за друго, колку барем да се разводнат овдешните тесно партиски политики. Со нивна помош и под нивен надзор, оваа ваква сегашна правно и безбедносно никаква Македонија, конечно да мрдне. Повторно, по којзне кој пат веќе, да почне од нула да ја ѕида својата правна европска иднина.

Наспроти волјата на граѓаните, Закон за Јавното обвинителство ќе ги стивне бомбите, ќе го заборави СЈО, ќе ѝ ги врзе рацете на правдата, ќе ги ослободи огрешените. Па, ако е тоа некаков нов компромис за некаков нов почеток, ако патот за натаму е преку ваквиот изнуден, неправен и неправеден Закон за јавното обвинителство, ако тоа морало да биде така, нека им биде.

Од нас, еве им ја нашата колективна амнезија за нивната колективна амнестија.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Словенечката полиција го истражува финансирањето на медиуми блиски до Јанез Јанша

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk