коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Од денеска е далеку полесно да бидеш глупав антизападен радикал. Полесно е да бидеш деструктивен елемент и да работиш против суверенитетот и прогресот на сопствената земја. Нема ништо полесно од тоа да бидеш неранимајко премачкан со сите бои во секоја смисла на зборот, накитен со пердуви од кокошка и да бидеш неписмен.
Сето тоа, од денеска е полесно и помалку опасно за нашата заедничка држава во која има место за сите, па и за будалите. Сето тоа нема да ја доведе земјата во изолација, како што можеше до пред некое време. Сето тоа нема да им отвори пат на диверзантите од сите сорти што би можеле да го доведат во прашање нашето постоење како држава.
Бидејќи Северна Македонија е НАТО.