ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

С. Македонија на чекор до официјално членство, денеска свечена седница за ратификација на Протоколот за НАТО

Предлог-законот за ратификација е во собраниска процедура, откако Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април.

February 11, 2020 07:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Свечена седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во членството во НАТО ќе се одржи денеска во Собранието во присуство на претседатели и претставници на парламенти на земјите од соседството, на македонскиот државен и политички врв, на дипломатскиот кор. Со ратификацијата земјата уште еден чекор ја дели од полноправното членство во Алијансата, како 30. земја-членка. Ќе остане недовршена уште ратификацијата во Парламентот на Шпанија, а ратификацијата кај нас ќе има одложено дејство и ќе се активира откако процесот ќе заврши во Мадрид.

Предлог-законот за ратификација е во собраниска процедура, откако Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април.

На денешната свечена седница на Ратификацијата на Северноатлантскиот договор свои обраќања ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Парламентот Талат Џафери, техничкиот премиер Оливер Спасовски, како и координаторите на пратеничките групи на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Нола Исмајлоска Старова, пратениците на Алијанса на Албанците Сурја Рашиди на Алтернатива Африм Гаши, на БЕСА Фадил Зендели и на ДПА Мерал Ферати. По гласањето пред пратениците и присутните ќе се обрати и претседателот на ПС-НАТО Атила Местерхази.

Пред почетокот на свечената седница, претседателот на Собранието Џафери ќе има кратки поздравни средби со претставниците на парламентите на соседните земји. Во Собранието на овој чин денеска ќе бидат присутни Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во ПС НАТО, Василика Хуси, потпретседател на албанскиот Парламент, Цвета Карајанчева, претседател на бугарското Собрание, Генци Ниманбегу, претседател на Парламент на Црна Гора.

На седницата поканети да присуствуваат се и поранешни претседатели, премиери, лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и претстатвници од општествениот и јавниот живот и дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадори од земји членки на НАТО.

По ратификацијата во 16 часот планирана е церемонија на подигнување на знамето на НАТО пред Собранието.

Откако Северна Македонија и Грција го решија спорот за името, Договорот од Преспа беше ратификуван од македонскиот Парламент, поддршка добија и уставните измени, а потоа договореното беше ратификувано и од Грција, земјава како што ѝ беше ветено поканата за НАТО ја доби на самитот на 11 и 12 јули 2018 година во Брисел, а следната година на 6 февруари амбасадорите на земјите-членки на НАТО исто така во Брисел го ставија својот потпис на Протоколот на пристапување во Алијансата.

За десет месеци Протоколот за пристапување во НАТО го ратификуваа 28 од вкупно 29 членки, се чека во Шпанија, каде Педро Санчез минатиот месец успеа да формира Влада на неговите социјалисти и левичарската партија Подемос.

Владата на Шпанија кон крајот на минатиот месец го одобри и го достави на усвојување во Параламентот Протоколот за пристапување и  побара од законодавниот дом документот да биде ратификуван по итна постапка.

– Неопходно е ратификацијата да биде по итна постапка со цел да не се одложуваат заложбите на Шпанија како сојузник во НАТО за прием на Северна Македонија во Алијансата, беше наведено во образложението на шпанската Влада.

Процедурата таму вообичаено трае шест месеци – документот треба да помине во комисијата за надворешни работи на Долниот дом, потоа да се гласа од пратениците во Конгресот, па заминува во комисијата за надворешни во Сенатот и потоа треба да биде одобрен и во Горниот дом. Со барањето на Санчез за усвојување по итна постапка рокот може да се намали на половина.

Парламентот во 1993 усвои резолуција за членство, во 1995 година Македонија се приклучи кон програмата Партнерство за мир, Канцеларијата на НАТО беше отворена во 1997 година, кандидат станавме во 1999 година.

Земјава најблиску до членство беше во 2008 година на самитот на НАТО во Букурешт. Алијансата тогаш констатира дека земјата технички е подготвена да влезе, но влезот беше попречен поради грчкото вето заради нерешениот спор за името, а откако по речиси три децении спорот беше надминат вратата за Алијансата се отвори и земјава мошне скоро и официјално ќе стане 30. членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk