ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Диневски: Македонска катинска шума за аферата „Шпион“

Аферата Шпион ја потресе македонската јавност. Со спектакуларни апсења, акции, со специјалци, хермелини… Беа апсени луѓе од разни структури, разни економски и политички провиненции

February 13, 2020 13:02
in МЕДИУМИ, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Александар Диневски, поранешен разузнувач, познат по случајот „Шпион“, во кој што настрадаа дузина луѓе беше гостин во Утрински брифинг каде говори за бруталната репресија на „груевизмот“ и аферата Шпион, и судството како продолжена рака на тогашната Влада.

Аферата Шпион ја потресе македонската јавност. Со спектакуларни апсења, акции, со специјалци, хермелини… Беа апсени луѓе од разни структури, разни економски и политички провиненции и тоа дел од таа стратегија која што јас ја нарекувам „Македонска катинска шума“ во која беше ликвидирано се што имаше некакво значење за Македонија.

Имено така ја нареков, затоа што, ако се сеќавате Сталин во одреден момент уништи се што претставуваше цвет на полска интелигенција. Беа ликвидирани професори, верски работници, офицери, разузнавачи.

Груба е споредбата но во целиот процес го гледате во целина, па и процесот на лустрација погледнете кои се луѓе се најдоа на удар на тој груевизам. Таа најава беше со отвореното писмо во 2009 каде што стои дека „на страна што ги победивме на изборите тие треба да исчезнат, бидејќи се уште постојат“.

Во Шпион јас сум осуден, битката ја водам со вонредни правни лекови во Врховниот суд. Очекувам да се произнесе, посебно по оставката на Јово Вангеловски и по информациите кои протекоа дека во неговата фиока се наоѓале околу 30 такви предмети, меѓу кои, претпоставувам дека е и мојот предмет.

Поентата на ослободителните пресуди

Првата е донесена за петмина обвинети за други кривични дела, не за шпионажа и оддавање на државна тајна, туку за уцени закани и сл. Судот одлучуваше откако Апелација ги укина пресудите и ги врати на разгледување и одлучување.

Втората пресуда е многу побитна каде што Зоран Божиновски е ослободен за сите точки од обвинението, каде дел е и шпионажа и оддавање државна тајна. Значењето на самата пресуда е двојно и тоа ќе има значење и за другите обвинети.

Но најважната порака е што Судскиот совет се одважи и ја оствари својата уставна и законска обврска тој да биде dominus litis, господар на судската постапка, а не обвинителската.

Ова е прекин на таа вонзаконска судска пракса, каде доминантен фактор беше обвинителството кое што беше продолжена рака на извршната и политичката власт.

Next Post

Џонсон започна реконструкција на Владата

НАЈНОВО

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk