По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило, наводно ненамерна, грешка додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште 3 нули.
Со тоа сумата од 300.000 која е предвидена за кетеринг на изложби,промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени станале 300.000.000 (триста милиони) Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење. – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.
Вкупниот буџет на Државниот архив е околу 2,5 милиони евра, така што не може за кетеринг да се има 6 милиони евра. Граѓаните треба критички да ги примаат информациите на јавните мрежи, бидејќи веста за 6 милиони евра за кетеринг е нелогична.
Еве како беше дистрибуирана лажната вест на еден од интернет медиумите:
Претходно, една поранешна министерка од составот на режимската влада на Груевски, ја твитна лажната вест, по што имаше оркестриран бран од обвинувања во интернет медиумите, меѓу кои и тие што се дел од објавите на словенечкото „Нецензурирано“ за што пишуваше и Фронтлајн. Останува отоврено прашањето дали „твитерџиката“ ќе го пренесе и разобличувањето на оваа лажна вест или ќе остане на познатиот курс.
FRONTLINE
Од каде доаѓале милионите за рушење на Преспанскиот договор?