ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Забрчанец: Ние имаме разбудено граѓанско општество и свесни граѓани кои знаат да препозанаат лаги и дезинформации

Сега гледаме едно поинакво однесување од оној период во кој бевме навикнати на нешто друго. Има сериозна промена во општествениот амбиент. Политиките на црната пропаганда се туркаат кон маргините на општеството. Секој може да зборува слободно и гласно, да ја критикува и власта и оние кои се дрзнуваат да шират дезинформации“, вели Забрчанец.

February 13, 2020 12:58
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, на панел дискусијата „Слободни избори наспроти црната пропаганда“ која денеска ја организира ЦИВИЛ зборуваше за Националната стратегија за комуникации и за тоа колку Владата има волја да се справи со овие немили појави со кои се соочуваме во изминатите години.

„Владата е сериозно алармирана од појавата на црната пропаганда и сметаме дека во моментов во општеството постои можност за бунт насочен кон дезинформациите“, вели Забрчанец.

Тој изјави дека ширењето лажни вести повеќе не е мејнстрим политика, црната пропагандата не е мејнстрим политика.

„Сега гледаме едно поинакво однесување од оној период во кој бевме навикнати на нешто друго. Има сериозна промена во општествениот амбиент. Политиките на црната пропаганда се туркаат кон маргините на општеството. Секој може да зборува слободно и гласно, да ја критикува и власта и оние кои се дрзнуваат да шират дезинформации“, вели Забрчанец.

Тој зборуваше и за најсвежиот пример каде поранешен министер прошири вест дека 5 милиони евра се потрошени за кетеринг за Државниот архив, а нема пари за државна награда за ‘Медена земја’.

„Класична деизнформација. Ниту Архивот има толкав буџет, ниту е вистина дека нема награда за ‘Медена земја’. Има награда.  Не е од Министертсвото за култура, туку од друга фиока од буџетот, но наградата е обезбедена“, вели Забрчанец.

Тој смета дека кога поранешни функционери сподделуваат лаги тие се соочуваат со јавноста.

„Ние имаме разбудено граѓанско општество и свесни граѓани кои знаат да препозанаат лаги и дезинформации. Дигиталното време ни овозможува критичката јавност да демонстрира отпор кон лажните вести“, вели Забрчанец.

„Владата застана во одбрана на вистината и кричката јавност. Ставивме предлог акциски план за креирање на национална стратегија за транспарентност по која работиме. Сè уште постојат заробени институции како јавниот радиодифузен сервис, но прашање на време е кога тие трендови ќе стигнат што пошироко и подалеку во општеството.

Воведовме конкретни политики и практики. МИМ со години се бореше оваа тема да ја направи важна., како воведување на медиумска писменост во образованието. Целта ни е во 2021 да почне да се појавува како содржина во образовниот систем. Тоа е влог за идните генерации“, изјави тој.

Забрчанец е дециден дека дезинформациите се опасност за демократијата.

„Тие работат врз принципот на поттикнување на емоции коишто водат кон омраза, но и насилство. Пример е бранењето на споменикот на Александар Македонски од наводен „бугарски кран“. Да, лажењето не е кривично дело, но што кога лажната вест поттикнува кривично дело?“, вака Забрчанец го заврши првиот дел од своето обраќање, оставајќи простор за размислување и дебата.

М. Ивановска/ЦИВИЛ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk