Избори на 12 април ќе има, но секако претходно треба да ја напишеме домашната задача во Собрането и да ги усвоиме важните закони, рече потпретседателката на СДСМ и вицепремиерка за економски прашања, Мила Царовска во интервју за емисијата 360 на Алсат.
Царовска ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека СДСМ бега од избори, додавајќи дека СДСМ е фаворит на изборите а тоа е потврдено и со анкетите на јавното мислење од кредибилни агенции.