ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Им дојде ли преку глава на СДСМ од сите заврзлами што им ги спремаше ДУИ?

Дали се крчка ново мнозинство? Математиките велат дека тоа е можно. Ако се соберее внимателно се доаѓа до бројка од 65 пратеници. Но, од друга страна, може ли да се потпре коалицијата на еден пратеник каков што е Крсто Муковски, е исто така интересно прашање. Им прекипе ли конечно на СДСМ од сите заврзлами што им ги спремаа ДУИ во очигледна координација со блискиот им поранешен партнер ВМРО-ДПМНЕ, останува да видиме? Кој би бил одговорот на меѓународната заедница на еден ваков евентуален развој на настаните е исто така можне интересно да се знае.

February 14, 2020 00:30
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Претседателот на собранието Талат Џафери ја прекина и ја одложи собраниската седница на која требаше да се гласа Законот за Јавно обвинителство, за утре во 11 часот.

Таквата реакција на Талат Џафери се случи, откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски се приближи до говорницата и на Џафери му покажа нешто од својот мобилен телефон.

По овој случај, Џафери реагираше на пост на Фејсбук од секретарот на СДСМ Љупчо Николовски, кој претходно напишал дека можат да обезбедат ново мнозинство и нова влада која ке ги организира редовните парламентарни избори.

После „прегратката“ Џафери-Димовски, реакциите на социјалните мрежи се бурни:

– „Се појавија со вистинското лице и си ја обновија коалицијата“. „Ете им го природниот партнер во криминалот што го правеа заедно 11 години“. „Криминалната коалиција ДУИ – ДПМНЕ на дело“. „Се обнови злосторничкото здружение ДУИ – ДПМНЕ“, „ДУИ во прегратка со ДПМНЕ, Талат во прегратка со Илија, колку природно тоа изгледа“ се само дел од постовите што може да се прочитаат на Фејсбук и Твитер.

Секретарот на СДСМ Љупчо Николовски се огласи на Фејсбук (на што и реагираше Џафери):

„Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на било кој начин се оневозможи гласање на важните законите, а особено Законот за јавно обвинителство, изборниот законик, Законот за одбрана разрешувањето на Мизрахи… во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори“

Со пост се јави и пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири:

„Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ. ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови. СРАМОТА!!!“, напиша Зекири

Дали се крчка ново мнозинство? Математиките велат дека тоа е можно. Ако се собере внимателно, се доаѓа до бројка од 65 пратеници. Но, од друга страна, може ли да се потпре коалицијата на еден пратеник каков што е Крсто Мукоски, е исто така интересно прашање. Им прекипе ли конечно на СДСМ од сите заврзлами што им ги спремаа ДУИ во очигледна координација со блискиот им поранешен партнер ВМРО-ДПМНЕ, останува да видиме. Кој би бил одговорот на меѓународната заедница на еден ваков евентуален развој на настаните е исто така мошне интересно да се знае.

Утре ќе биде многу интересен ден.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk