На седницата за Законот за Јавно обвинителство денеска се соочија поранешните сопартијци, Крсто Мукоски и Антонијо Милошоски.
Откако Милошоски обвини дека Мукоски добил тендер од Владата и праша дали уште е терорист за СДСМ, Мукоски одговори со уште поостри обвинувања.
Тој го нарече Милошоски криминалец и додаде дека таквите како него ја држат во заложниство партијата ВМРО-ДПМНЕ. Муковски го обвини Милошоски дека ја потикнал толпата на 27 април да влезе во Собрание.
„Не очекував дека со таков говор ќе почнете денеска, но овој е говор на еден криминалец кој знае дека еден ден ќе одговора. ВМРО-ДПМНЕ стана заложник на неколку криминалци како вас и партијата сте ја претвориле во Златна зора. А што се однесува до 27 април, ќе ви кажам неколку збора, Крсто Мукоски за таа несвесна грешка што ја направи си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, кои што ги упатуваа горе луѓето да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок кој што во моментов е во бегство, не го барајте Љубе Арнаудов, качете се горе, целта е Заев. Жалам што такви како тебе не одговараат“, изјави Мукоски.
А.Зеќири