ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски ги потпиша указите за прогласување на законите што ги усвои Собранието

Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони

February 16, 2020 20:16
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Република Северна Македонија, меѓу кои и за Законот за Јавното обвинителство, Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, соопшти неговиот кабинет.

Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони.

Претседателот Пендаровски, исто така, укажува дека за евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Северна Македонија како надлежен државен орган.

Како што соопшти вечерва неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ги потпишал указите за прогласување и на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени,  Законот за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, Закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за заштита на личните податоци, Законот за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило, и Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Next Post

Џафери направил грешка, Законот за Советот за јавни обвинители е донесен според законот и Уставот, велат од кабинетот на Џафери

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk