Пратеничката Нола Исмајловска Старова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кога требаше да се гласа законот за одбрана, од говорницата на собранието покажа листинг од гласање каде се гледа дека нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, како и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: Влатко Ѓорчев, Жаклина Пешевска, Иван Иванов, Слаѓана Митовска, Павлинче Честојнова и Дафина Стојаноска гласале за преименување на армијата во Армија на Република Северна Македонија.
Закон за служаба за армијата е веќе донесен. И во тој Закон има член со кој се усвојува новото име. За ова решение гласаа и пратениците: Владимир Ѓорчев, Иван Иванов, Стојановска Дафне, Никола Мицевски, Пешевска Жаклина и Честојнова Павлинче. Ова е многу лицемерно. Ова лицемерие граѓаните не го заслужуваат“, рече Исмајловска.
После ова излагање на Нола Исмајловска Старова, се случи немил инцидент.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, како што може да се погледне од видео снимката од ТВ21, вербално со навреди ја нападна Нола Исмајловска Старова.
Неколку пратеници ја тргнаа нервозната пратеничка Пешевска и спречија поголем инцидент.
Ј. Ѓ.