Владејачката СДСМ утре ќе организира марш од пред Собранието до Судот, под слоганот „Чекориме за правда“, откако денеска, пратениците во Собранието го изгласаа Законот за јавно обвинителство.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на пре- конференција прогласи историска победа против криминалот и крадењето, по донесувањето на Законот за јавно обвинителство со што е ставен уште еден темел за неселективна правда.
Заев ја повика нацијата на марш за правдата утре пред Парламентот, во 18 часот, под слоганот „Чекориме за правда“.
„Утре во 18 часот часот пред Собранието ве повикувам на маршот „Чекориме за правда“. Од местото каде се донесе овој закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници, до Судот. Се гледаме утре пред Собранието. Чекориме за правда!, рече Заев.