ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Законот го демантира ВМРО-ДПМНЕ, не предвидува Бадентер за Советот на Обвинители

Во членот 11 на овој закон прецизно се набројуваат сите закони кои се донесуват со бадентерово мнозинство а таму се гледа дека Законот за Советот на Јавни Обвинители не спаѓа во таа категорија. 

February 16, 2020 22:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кои претендираат дека Законот за Советот на Јавни Обвинители е донесен во спротивност со Уставот.

Во членот 11 на овој закон прецизно се набројуваат сите закони кои се донесуват со бадентерово мнозинство а таму се гледа дека Законот за Советот на Јавни Обвинители не спаѓа во таа категорија.

Подолу го пренесуваме интегрално горенаведениот член:

Закон за Комитетот за односи меѓу заедниците
Член 11
(1) Собранието одлучува со двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија кога се донесува или изменува или дополнува Законот за локалната самоуправа.

(2) Собранието одлучува со двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија кога се донесуваат или изменуваат или дополнуваат Законот за грбот на Република Македонија, Законот за знамето на Република Македонија и Законот за химната на Република Македонија.

(3) Собранието одлучува со мнозинство на гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија само кога се донесуваат измени или дополнувања на постојните донесени закони и законите наведени во овој став и тоа за донесување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за комуналните такси, Законот за даноците на имот, Законот за вршење на занаетчиската дејност, Законот за определувње на имиња на улици, плоштадите, мостовите и на други инфраструктурни објекти, Законот за Полициската академија, Законот за воената академија, Законот за правосудниот испит, Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Законот за личната карта, Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Законот за матичната евиденција, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за објавување на законите, другите прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија”, Законот за радиодифузната дејност, Законот за  државните награди, Законот за  основното образование,  Законот  за  средното образование, Законот за високото образование, Законот за ученичкиот стандард, Законот за основање Државен универзитет во Тетово,  Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители, Законот за просветна инспекција, Законот за културата, Законот за музеите, Законот за библиотеките, Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, Законот за заштита на културното наследство, Законот за празниците на Република Македонија, Законот за научно-истражувачката дејност, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, Изборниот законик кој се однесува во делот на локалните избори, Законот за попис во земјоделството во Република Македонија, Законот за градот Скопје, Законот за стручно образование и обука, Законот за филмскиот фонд на Република Македонија и Законот за народниот правобранител.

(4) За сите идни закони кои се однесуваат на употребата на јазиците, образованието, личните документи, културата и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство на гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот.

А. Зеќири

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Фокусот е во Брисел, не во Софија – резолуцијата е за рејтинг, не за решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk