Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кои претендираат дека Законот за Советот на Јавни Обвинители е донесен во спротивност со Уставот.
Во членот 11 на овој закон прецизно се набројуваат сите закони кои се донесуват со бадентерово мнозинство а таму се гледа дека Законот за Советот на Јавни Обвинители не спаѓа во таа категорија.
Подолу го пренесуваме интегрално горенаведениот член:
Закон за Комитетот за односи меѓу заедниците
Член 11
(1) Собранието одлучува со двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија кога се донесува или изменува или дополнува Законот за локалната самоуправа.(2) Собранието одлучува со двотретинско мнозинство на гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија кога се донесуваат или изменуваат или дополнуваат Законот за грбот на Република Македонија, Законот за знамето на Република Македонија и Законот за химната на Република Македонија.
(3) Собранието одлучува со мнозинство на гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија само кога се донесуваат измени или дополнувања на постојните донесени закони и законите наведени во овој став и тоа за донесување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за комуналните такси, Законот за даноците на имот, Законот за вршење на занаетчиската дејност, Законот за определувње на имиња на улици, плоштадите, мостовите и на други инфраструктурни објекти, Законот за Полициската академија, Законот за воената академија, Законот за правосудниот испит, Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, Законот за личната карта, Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Законот за матичната евиденција, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за објавување на законите, другите прописи и акти во “Службен весник на Република Македонија”, Законот за радиодифузната дејност, Законот за државните награди, Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за високото образование, Законот за ученичкиот стандард, Законот за основање Државен универзитет во Тетово, Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за Академија за обука на судии и јавни обвинители, Законот за просветна инспекција, Законот за културата, Законот за музеите, Законот за библиотеките, Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, Законот за заштита на културното наследство, Законот за празниците на Република Македонија, Законот за научно-истражувачката дејност, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, Изборниот законик кој се однесува во делот на локалните избори, Законот за попис во земјоделството во Република Македонија, Законот за градот Скопје, Законот за стручно образование и обука, Законот за филмскиот фонд на Република Македонија и Законот за народниот правобранител.
(4) За сите идни закони кои се однесуваат на употребата на јазиците, образованието, личните документи, културата и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство на гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија. Спорот во врска со примената на оваа одредба го решава Комитетот.
А. Зеќири