Само пет отсто од испитаниците кои учествувале во анкетета на Ангенција „Рејтинг“ (лице в лице), одговориле дека промената на името на државата е најголем проблем.
Прашањето гласи „Кој е според Вас најважниот проблем со кој моментално се соочува Република Северна Македонија?“.
Според одговорите на граѓаните како три најважни проблеми ги издвојуваат ниските плати и животниот стандард, криминалот и корупцијата и невработеноста.
На четврто место следат високите трошоци за живот, а веднаш потоа иселувањето на луѓето.
Во најновото испитување на јавното мислење на Агенција Рејтинг, направено во рамките на сопствените редовни активности за следење на промените во изборното расположение на граѓаните, Агенцијата преку куса анкета се обиде да дознае како јавноста ги перцепира можните кандидати за премиер на идната Влада.
Анкетата беше спроведена на примерок од 1080 испитаници, од 18 до 29 Јануари со метод интервју лице в лице, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3%.