ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ни фалат 536 пожарникари, само во Скопје има 200 помалку

Најмногу пожарникари, над 200, му недостигаат на Скопје, по што следуваат Тетово каде недостигаат 65 пожаникари и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожаникари, во Битола 32 и во Прилеп 26 пожарникари.

February 17, 2020 11:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во државата недостигаат 536 пожарникари за да се достигне законски пропишаниот минимум, а просечната старост на противпожарните возила е 28 години, покажува истражувањето што го изработи Центарот за граѓански комуникации.

Најмногу пожарникари, над 200, му недостигаат на Скопје, по што следуваат Тетово каде недостигаат 65 пожаникари и Гостивар со 52 пожарникари помалку од законски предвидените. Во Куманово недостигаат 49 пожаникари, во Битола 32 и во Прилеп 26 пожарникари.

Меѓу општините со повеќе од законски предвидениот минимален број пожарникари се Охрид и Ресен, кои имаат само по двајца пожарникари повеќе од минимално определениот број, како и Демир Хисар и Крушево – со по еден пожарникар над минимумот.

Шесте општини со ист број пожарникари колку законскиот минимум се Штип, Радовиш, Делчево, Македонски Брод, Пробиштип и Кратово.

Согласно Законот за пожарникарство, минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици треба да изнесува девет пожарникари во општините до 10 илјади жители, 13 пожарникари во општините од 10 до 15 илјади жители и 17 пожарникари во општините кои имаат од 15 до 24 илјади жители. Во општините кои имаат над 24 илјади жители спогласно законот треба да има еден професионален пожарникар на 1.500 жители. 

Во однос на возилата кои ги имаат противпожарните единици во земјава, истражувањето покажува дека противпожарните единици располагаат со вкупно 241 возило со просечна старост од 28 години.

– Ова значи дека возилата што се набавени во меѓувреме не биле нови и не го „подмладиле“ противпожарниот возен парк во земјава. Напротив, во текот на 2019 година противпожарните единици во земјава го зголемиле бројот на возила за 26, но нивната просечна старост изнесува дури 18 години. Во текот на истата година, расходувани се 5 стари возила. Во меѓувреме од ланското истражување кое покажа загрижувачка состојба со противпожарните возила во земјава, со возила „на ново“ се стекнале само противпожарните единици во Прилеп (две нови возила од 2019 година) и во Демир Хисар (едно возило од 2017 година), велат од Центарот за граѓански комуникации.

Најстари возила имаат Кратово и Делчево, а најнови Велес и Демир Хисар. 

Најстари возила, во просек 35 години, има противпожарната единица во Кратово, која од лани до сега го проширила возниот парк, но со стари возила. Со истата просечна старост на возилата од 35 години е и противпожарната единица од Делчево, а веднаш зад нив на третото место според просечната старост на возилата е Струмица, со 33 години. Со просечна старост на противпожарните возила од 32 години се Охрид и Крива Паланка, а просечно по 31 година се стари противпожарните возила на Куманово и Битола. Најстари противпожарни возила од 1966 година имаат Валандово и Струмица.

Спротивно на ова, најмлад возен парк, во просек по 20 години, имаат противпожарните едници во Велес и Демир Хисар. Меѓу подобрите се и Берово со 21 и Прилеп со 22-годишна просечна старост на противпожарните возила.

Општини со најмалку противпожарни возила се Македонски Брод каде има само две возила, како и Демир Хисар, Берово и Делчево каде има по три противпожарни возила.

Next Post

Џафери: Фер и демократски избори ќе бидат прилог плус за старт за преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk