ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Демант од Централен регистар на изјавата на дополнителната заменичка Стаменковска – Стојковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Директорката на Централниот регистар на Република Македонија, Марија Бошковска Јанковски упатува најостар демант на бескрупулозните лаги и невистини кои денеска на прес конференција ги истакна дополнителната министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска – Стојковска. Во целиот говор на дополнителната министерка има само една вистина – дека вработените на Централниот регистар се административни службеници, се останато е лага и невистина

February 18, 2020 15:40
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Централниот регистар на Република Македонија, Марија Бошковска Јанковски упатува најостар демант на бескрупулозните лаги и невистини кои денеска на прес конференција ги истакна дополнителната министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска – Стојковска. Во целиот говор на дополнителната министерка има само една вистина – дека вработените на Централниот регистар се административни службеници, се останато е лага и невистина.

„Прашањата за работен однос се уредени во член 7-а од Законот за Централен регистар и член 19 став 2 од Статутот на Централен регистар. Во истите е утврдено дека прашањата за работен однос ќе се уредуваат согласно Законот за Централен регистар, Статутот и Колективниот договор на Централен регистар.

Согласно горенаведеното Централен регистар во врска со вработувањата се применуваат одредби од Колективниот договор кои се во согласност со Законот за работни односи. Сето тоа е утврдено и овозможено и во член 4 став 2 и 4 од Законот за административните службеници за потребите на Централниот регистар (пренесено во Законот за Централен регистар) при што е дадена и утврдена можноста во самиот закон, со општите прописи за работни односи и со Колективен договор да се уредат прашањата за и од работен однос.

Во однос на вработувањата на неопределено време, сакаме да истакнеме дека истите се спроведуваат врз основа на План за вработување, при што за 2018 година е добиено позитивно мислење и од МИОА и од МФ.

– од Министерство за финансии број 04-902/7 од 17.07.2018 година (08-95/259-4 и 08-95/276-1 од 17.07.2018 година

– од МИОА 04-902/9 од 24.07.2018 година (12/6-4330/4 од 23.07.2018 година)

Во 2019 година Централниот регистар нема спроведено постапка за вработување на неопределено време.

Во однос на вработувањата на неопределено време предвидени со Планот за вработување за 2020 година добиено е позитивно мислење и од МИОА и од МФ. Во однос на тоа како првото мислење на МИОА на „чудесен начин” станува позитивно, сакаме да истакнеме:

По добиената согласност на годишниот план за вработување за 2020 од МФ, на 18.11.2019 година Централниот регистар го доставува планот до МИОА под број 04-1171/9 од 28.10.2019 година, со сите потребни прилози. За истиот на 25.11.2019 година со допис број, 12/6-4429/2 известени сме дека мислењето е негативно. Нашите стручните служби го разгледаа и анализираа истото и констатираа дека негативното мислење неосновано се повикува на член 20-б став 7 од Законот за вработени во јавниот сектор и се споменува задолжително барање на согласност од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. Бидејќи Централниот регистар не е орган на државна управа, не е буџетски корисник и според тоа нема законска обврска да бара претходна согласност од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор. По укажувањето од наша страна, на 17.12.2019 година под број 12/6-4429/4 добиено е позитивно мислење од МИОА.

Од досега наведеното многу е јасно дека директорот на Централниот регистар нема сторено ниту директна ниту индиректна повреда при вработувањата согласно објавените јавни огласи. Воедно сакаме да напоменеме дека директорот на Централен регистар како службено лице одлуките што ги има донесено истите ги донел совесно, врз основа на утврдени факти и согласно закон и Колективен договор, со што ја нема злоупотребено својата службена положба. Затоа од дополнителната министерка очекуваме да се извини за изнесените ноторни лаги, во спротивно ќе следува тужба за клевета.

А што се однесува до обвинувањата за партиските вработувања во институцијата во која што раководи ја упатува, списоците на претходно вработени во Централен регистар на Република Македонија да си ги провери во Извршиот комитет во партијата од која што доаѓа заменската министерка во МИОА.

И ако има било какво недоразбирање и нејасности околу истото директорката Марија Бошковска Јанковски е подготвена да и помогне“, се вели во демантот од Централниот регистар

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Францускиот долг расте за 5.000 евра секоја секунда

July 16, 2025

Многу лопови, пола држава!

July 16, 2025

Со докази од Скај комуникација откриен шверц на кокаин

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласот на Бранка Станковска повторно се слуша – благодарение на македонскиот стартап „Tytl“ и вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk