Моделот на Пржинска влада не може да биде системско решение, покажува разрешувањето на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи. Тоа ја отвора можноста некое друго парламентарно мнозинство во иднина да ги разреши сите министри и заменици кои доаѓаат по предлог на опозицијата, пишува РСЕ.
Разрешувањето на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи покажува дека моделот на Пржинска влада не функционира и треба да се размислува за негово укинување. Поранешниот пратеник Насер Зибери и професорката Мирјана Најчевска велат дека тој модел бил резултат на тогашните околности и требало да биде ад-хок решение само за парламентарните избори во 2016 години, но оти тоа не може да биде системско решение.
Моделот на Пржинска влада беше договорен меѓу власта и опозицијата во 2015 година, под покровителство на меѓународната заедница, како модел за излез од тогашната политичка криза. Тој модел предвидува на 100 дена пред изборите да се формира влада со друг премиер од мнозинството во која опозицијата ќе ги добие министерствата за внатрешни работи и за труд и социјала, како и заменици министри за земјоделство, финансии и информатичко општество и администрација.
Целиот текст ТУКА