Филип Завадлов, тројниот убиец од Сплит, на кој му следи судење за злосторството во притвор добива десетици љубовни писма, пишува сплитска „Слободна Далмација“.
До сега стигнале триесетина писма, а сите се пратени од жени на различна возраст од различни краеви на Хрватска,но и од светот. На младиот убиец му пишале жени од Риека, Загреб, Ѓаково, Осиек, па дури и од Сиднеј, Австралија
Барање да го посети Завадлов во затвор до сега пратила само една жена, но тоа било одбиено.
Во светот, па и во Хрватска до сега имало повеќе случаи каде осуденици за тешки кривични дела стануваат предмет на обожување од жени, а некои дури и склопија бракови, потсетува сплитскиот дневник.
Завадлов на 11 јануари од автоматска пушка во центарот на Сплит со 36 куршуми уби три момчиња, кои биле на два мотора.
Наводно, повод за незапамтеното тројно убиство на сплитските улици била одмазда заради изнуда, закани и физички напади на неговиот помлад брат Станислав, но и него лично.





