ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стапи во сила новиот Закон за енергетска ефикасност

Енергетските контролори и друштвата лиценцирани за вршење на енергетски контроли конечно ќе можат да отпочнат со работа и со тоа активно да учествуваат во подобрувањето на енергетската ефикасност во нашата држава. Новиот закон, покрај другото, детално ги регулира енергетските контроли кај големите трговци и енергетските контроли на зградите, како засебни области. Конкретно, во иднина енергетските контроли ќе се вршат од обучени и овластени контролори за секоја област посебно – енергетски контроли на големите трговци од една страна и енергетски контроли на згради од друга, појаснуваат од Министерството за економија

February 18, 2020 10:25
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот закон за енергетска ефикасност денеска стапи во сила откако минатата недела беше изгласан во Собранието и објавен во „Службен весник“.

Во овој закон, како што информираат од Министерството за економија, во целост се имплементирани прописите за енергетска ефикасност на Европската унија и тој ќе овозможи реализација на потребните инвестиции и мерки во оваа област.

– Енергетските контролори и друштвата лиценцирани за вршење на енергетски контроли конечно ќе можат да отпочнат со работа и со тоа активно да учествуваат во подобрувањето на енергетската ефикасност во нашата држава. Новиот закон, покрај другото, детално ги регулира енергетските контроли кај големите трговци и енергетските контроли на зградите, како засебни области. Конкретно, во иднина енергетските контроли ќе се вршат од обучени и овластени контролори за секоја област посебно – енергетски контроли на големите трговци од една страна и енергетски контроли на згради од друга, појаснуваат од Министерството за економија.

Законот пропишува обврски за реконструкции на зградите во јавниот сектор на среден и долг рок, потоа обврски за следење на потрошувачката и заштедите на енергија од страна на општините и другите лица од јавниот сектор, како и обврски во врска со енергетската ефикасност при пренос, дистрибуција и снабдување со енергија.

Новината е дека секој граѓанин приклучен на системот на топлинска енергија ќе има можност да се исклучи од системот за греење само во случај кога новиот систем на кој планира да се приклучи обезбедува подобри енергетски перформанси. Притоа, граѓанинот ќе треба да обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење од мнозинството од вкупниот број сопственици на зградата.

Законот воведува новини и во однос на улогата на Агенцијата за енергетика во делот на поддршката на развојот на енергетските услуги преку обезбедување на информации, објавување на модел-договори и примери на одредби, како и техничка поддршка на јавниот сектор во врска со енергетските услуги.

Новини има и во однос на барањата за истакнување на информации и етикета со која се означува класата на енергетска ефикасност и еко-дизајнот на производите што користат енергија и кои се нудат на пазарите во државата.

Се предвидува и основање на Фонд за енергетска ефикасност како независно и самостојно правно лице. Средствата од Фондот ќе се користат за финансирање проекти и мерки за енергетска ефикасност, а деталните услови и начинот на работење на Фондот ќе се уредат со посебен закон.

Next Post

Рускоска за Дојче Веле: Ако МВР има и тонски снимки, нека ни ги даде

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk