ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димковски до Трипуновски: Три години баравме од вас да воведете зелена нафта, вие тоа го игнориравте

Димковски му порача на Трипуновски да не манипулира со информациите за финансиската поддршката за жени земјоделки, бидејќи сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за мерките за рурална жена и за млад земјоделец, ќе добијат финансиска поддршка.

February 19, 2020 23:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Три години се бараше од вас да воведете зелена нафта и тоа го игнориравте, она што ние го направивме, во 2019 –та година ја воведовме мерката за зелена нафта и оваа година мерката продолжува со покривање на 50 отсто од трошоците, му порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски на дополнителниот заменик-министер, Цветан Трипуновски, во вечерашната емисија „Економски магазин“, на телевизијата Алсат-М.

Министерот Димковски потенцираше дека се што беше ветено во изборната програма е преточено во владината програма, а паралелно се направија неколку измени во програмите во комуникација и според потребите на земјоделците, при што веднаш од почетокот на мандатот се започна со реализација на мерките.

„Веднаш во првите месеци од мандатот се спроведе ревизијата на доделеното државно земјиште, се воведе зелена нафта во 2019-та година, оваа година продолжува мерката, лани се покриваа 30 отсто од трошоците, оваа година овој процент ќе биде 50 отсто. Три години се бараше од вас да воведете зелена нафта и тоа го игнориравте, зар за вас Трипуновски се малку парите што преку оваа мерка се вратија кај земјоделците? Заедно со земјоделците ја креиравме мерката за рурална жена. Доделуваме финансиска поддршка за јакнење на позицијата на жената и нејзината економска активност. Воведовме поврат на персоналниот данок, претходно во време на ВМРО ДПМНЕ земјоделците беа ослободени до 300 илјади денари, ние го зголемивме прагот до 1 милион денари. Лани беше прва година кога се вратија милион и пол евра, и овие пари се вратија преку УЈП на 17.000 земјоделци на кои основна дејност им е земјоделството“, изјави министерот Димковски.

При тоа Димковски му порача на Трипуновски да не манипулира со информациите за финансиската поддршката за жени земјоделки, бидејќи сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за мерките за рурална жена и за млад земјоделец, ќе добијат финансиска поддршка.

„Имате тотално непознавање за Програмата за рурален развој кога велите дека за 3 жени ќе има помош. Знаете вие дека кога се објавува мерка од Програмата за рурален развој лоцирате буџетски средства во мерката бидејќи не знаете колку земјоделци ќе ви се пријават, колку договори ќе се потпишат. Така што за мерката за рурална жена, за млад земјоделец се дадени индикативни средства за да се објави мерката. Јавниот повик за мерката за рурална жена е завршен,во тек е повикот за мерката за млади земјоделци, за што финансиската поддршка ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра. Тотално ги извртувате и информациите за повратот на персоналниот данок на доход за земјоделците, овие средства ги добиваат оние кои имаат исклучиво приходи од земјоделска дејност“, му порача министерот Димковски, на Трипуновски.

Next Post

Дожд и снег на планините

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk