ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И без пропустите оградата на автопатот не би го задржала автобусот, тврди вештак на судењето за несреќата кај Ласкарци

Генерално пропустите, рече вештакот, се при проектирањето што нема детали за столпчето, дистанцерот и поставеноста на оградата во однос на автопатот, додека при изведувањето, е тоа што има недоволна притегнатост на оградата и нејзините делови. Тој посочи дека пропусти има и при одржувањето каде е дозволена корозија и не е држена во кондиција. – Од сите анализи и доколку немало вакви пропусти таа не би успеала да го задржи автобусот, рече вештакот

February 19, 2020 12:32
in ПРАВДА, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заштитната ограда на автопатот Скопје – Тетово на делницата на местото на несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ била во согласност со тогашните стандарди, освен навртката која служи за спојување на деловите, која е со нешто послаб квалитет, изјави вештак од областа на градежништвото на денешното рочиште за сообраќајката кај Ласкарци.

Оградата е поставена во 2000 година, а проектот е направен во 1998 година.

Генерално пропустите, рече вештакот, се при проектирањето што нема детали за столпчето, дистанцерот и поставеноста на оградата во однос на автопатот, додека при изведувањето, е тоа што има недоволна притегнатост на оградата и нејзините делови. Тој посочи дека пропусти има и при одржувањето каде е дозволена корозија и не е држена во кондиција.

– Од сите анализи и доколку немало вакви пропусти таа не би успеала да го задржи автобусот, рече вештакот.

Испитувањата за квалитетот и издржливоста на оградата, посочи вештото лице, биле направени во Машинскиот факултет во Скопје.

– Хемискиот состав на заштитната ограда бил во согласност со тогашните стандарди, освен навртката која служи за спојување на деловите, која е со нешто послаб квалитет, изјави вештакот.

Тој посочи дека тогашните стандарди за градење, во најголем дел ги имаат ЈУ стандадите.

– Од проектната документација има многу малку податоци за заштитната ограда, освен дека е избрана еднострана заштитна ограда. Во прилог има уште еден документ дека е избрана еластична заштитна ограда тип „Слобода“, изјави вештакот.

Во текот на градбата, рече тој, извршени се измени на целокупната основа, во смисла на сите конструктивни елементи на патот – насип и заштитна ограда.

– Оградата на автопатот е почната да се гради согласно стандардите и проектот. Во еден момент во текот на градбата доаѓа до прекин на снабдување на огради од фабриката „Слобода“ – Охрид, чиј тип е избран. Промената се состои во самите елементи на оградата, од замена на формата на столпчето, на дистанцерот или одбојникот. Врз основа на А тестовите од лабораторијата на добавувачот на таа ограда, квалитетот одговара на европските норми 13/17, кои кај нас тогаш се уште не важеле, изјави вештакот.

Денеска, посочи вештакот, работиме по тие стандарди и се применуваат во цела Европа.

– Производителот ги има атестирано во сопствена лабораторија. Испитувањата ги прави фирмата од Перник, во Бугарија, а кај нас во тоа време немало таква лабораторија и прифатени се тие од производителот, изјави вештакот.

Испитувањето, рече тој, е во хемиските карактеристики на материјалот и геометријата на деловите, со што во нив нема податоци за одбојникот.

– Не е испитувано до кој степен на сила и под кој агол може да прими удар оградата, изјави вештакот.

Значењето на овој податок, посочи тој, доколку би го имале, е битен фактор во самото димензионирање и поставување на опасните места.

– Во тоа време не постоела обврска за мерења на колкава би била издржливоста при удар, изјави вештакот.

Според него, при увид на лице место е утврдено дека нема пропусти во изведбата на оградата и отстапувања од тоа што е предложено од изведувачот.

– Има отстапување во однос на геометријата на патот. Да биде подалеку од коловозот, да биде пониско или повисоко поставена, изјави вештакот.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, се обвинети шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Next Post

Хрватскиот министер за правда побара оставка од државниот обвинител, по признанието дека е масон

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

November 4, 2025
Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk