Авионот на „Боинг“ макс 737 се соочува со нови потенцијални безбедносни проблеми.
Имено, пронајдени се пукнатини во резервоарите за гориво на неколку нови летала кои во магацинот чекале да бидат испорачани на авио-компаниите.
Како што пренесува Би-би-си, лидерот на програмата на „Боинг 737“ на вработените им рекол дека ова откритие е „апсаолутно неприфатливо“.
Пукнатините се откриени во текот на одржувањеро, а „Боинг“ соопшти дека веднаш направиле корекција во системот за производство за да се спречи нешто такво да се повтори.
Тие измени подразбираат да се спроведе дополнителна иинспекција пред да се затворат резервоарите за гориво, додава АП.
Портпаролот на „Боинг“ рече дека компанијата не смета оти овој проблем дополнително ќ его одложи враќањето на авионите во воздух. Моделот на авионот 737 макс е приземјен во март лани по две авионски несреќи во кои загинаа 346 луѓе.