Во скопското село Крушопек во тек е полициска акција за откривање на недозволена трговија со дрога.
Во операцијата која е во тек запланет 1 килограм кокаин. Станува збор за меѓународна акција која македонската полиција ја спроведува во соработка со нивните колеги од Италија и Црна Гора. Според информациите на НОВА, акцијата е дел од поширока меѓународна операција против меѓународна мрежа за шверц на кокаин во која се вклучени и властите во Италија и Црна Гора а која е започната пред три месеци.
Македонската полиција активностите во рамки на акцијата ги презема по насоки добиени од јавен обвинител и судија од претходна постапка.
Фронтлајн бележи дека некои медиуми се обидуваат да го прикажат ова како личен успех на техничкиот министер за внатрешни работи, но факт е дека ова е само завршна фаза од повеќемесечна операција.