Морам да напоменам дека во 2017 –та година, кога министерот Спасовски во тоа време министер дојде на таа позиција имаше само 1000 пасоши во депото. Тоа е ужасно мала бројка, а за кратко време успеа да го реши овој проблем, така што сега имаше многу повеќе нормално тендерот истекува и јас убеден дека Наќе Чулев, министерот Чулев нема да биде во можноста да го најде решението, а убеден сум дека Владата ќе го најде решението многу скоро.“, рече Бојан Маричиќ во емисијата „Патот кон“ на Алсат М.
Тажна е сликата да видите дека по доаѓањето на господинот Чулев во МВР има масовен проблем за вадење на лични документи, значи за пасоши, патни исправи…..Жалосно е нависитина партиските игри во министерствата и со поранешната министерка Мизрахи и со министерот Чулев што се тераат лични и партиски агенди, што се крши Уставот и Законите од страна на овие функционери и што практично се доведува во прашање функционирањето на системот се со цел да се помогне на партијата на избори…“, рече Маричиќ.
Во однос на апсењата и заплената на конаин во скопското село Крушопек, Маричиќ рече дека ова е тажна слика за начинот на кој што ВМРО – ДПМНЕ и нивните кадри ги водат институциите во последните неколку недели каде што им беше дадена можноста според законот за влада.
„За жал во трка по ексклузивни информации и покритие на овие лажни вести на ВМРО – ДПМНЕ дека нивниот технички министер се бори против криминалот и корупцијата, во трка по поткрепа на таа лажна слика се доведе во опасност една сериозна акција за борба против дрогата во меѓународен канал, во акција која што е работена повеќе од година дена, значи е почната уште во времето кога премиерот Спасовски беше министер за внатрешни работи и за едно кило кокаин се доведе во прашање акција која што навистина требало да 1,3 тони…“, рече Маричиќ.