ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Пировска: Државата мора да почне енергично да се бори против говорот на омраза

Секојдневно се објавуваат извадоци од учебници во коишто се гледа дека тие се застарени, анахрони во нив има низа стереотипи и предрасуди особено за припадниците на другите етнички заедници во Македонија, коишто не се мнозинство. Да не зборувам за тоа на какви содржини наидуваме кога се зборува за поинаква сексуална ориентација, додава Пировска.

February 20, 2020 17:41
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Постои одреден напредок во состојбите и политиките кои одат во насока на толеранција во општеството, ако се прави споредба со претходната власт, смета Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, но додава дека образовниот систем воопшто не е конципиран да одговори на потребите на ова општество и на различностите во него.

„Ако правиме некоја компарација по однос на напорите на државата, да постои одреден напредок. Се зајакнуваат политиките коишто одат во насока на толеранцијата. Нешто за коешто ние зборуваме со години. Со оглед на тоа што за време на поранешната власт беа развивани политики коишто одеа во сосема спротивна насока и негативните феномени од типот на говор на омраза, инциденти од омраза, беа во голем пораст. За жал ние сè уште се соочуваме со проблеми во спроведување на политиките и конципирање на една програма особено кога станува збор за младите луѓе, којашто би одела во насока на едно развивање како индивидуи коишто ќе бидат свесни дека живеат во мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално општество, што самото по себе ќе значи дека мора да ги прифатат сите оние кои се различни од мнозинството“, вели Пировска во интервју за Фронтлајн.

Додава дека за жал, младите луѓе кај нас се најмногу погодени од сите штетни влијанија, бидејќи тие се во најголем дел корисници на социјалните медиуми, преку кои пак најмногу се шири говорот на омраза, се јакнат стереотипите и предрасудите.

„Секојдневно се објавуваат извадоци од учебници во коишто се гледа дека тие се застарени, анахрони во нив има низа стереотипи и предрасуди особено за припадниците на другите етнички заедници во Македонија, коишто не се мнозинство. Да не зборувам за тоа на какви содржини наидуваме кога се зборува за поинаква сексуална ориентација“, додава Пировска.

Пировска смета дека рабтилници каде младите се учат на толеранција, како и медиумски проекти, емисии и детски програми може да придонесат во менување на сликата, но тоа се независни проекти.

„Тие се надвор од она што значи обврска на една држава. Тоа е нешто што ќе биде плус, кон она што ќе го дава образованието. И апсолутно сметам дека треба такви содржини да има во медиумскиот простор, меѓутоа тоа не е доволно“, вели Пировска, во интервју за Фронтлајн.

Се сеќава на примери каде деца од чисто македонски етнички средини никогаш не се сретнале со деца од друга етничка група, а на прашањето дали за тоа не учат во училиште, децата одговараат дека наставниците ги прескокнуваат тие лекции.

Пировска смета дека треба да се работи на едукација на младите за од нетолерантноста и ширењето говор на омраза, најмногу по социјалните медиуми, да не се изродат кривични дела.

„Државата мора да почне енергично да се бори против говорот на омраза и тоа е единствениот начин да се спасиме од тоа нашите деца да бидат и жртви и сторители на кривични дела и инциденти од омраза,“ додава Пировска.

Укажува и на фактот дека пред секој изборен процес ние бележиме покачување на бројот на случаи на говор на омраза, па и кривични дела и инциденти од омраза.

„Јас верувам дека, за жал, во овој предизборен и изборен процес ние ќе се соочиме со многу црни кампањи и ќе се соочуваме со голем број случаи на говор на омраза“, вели Пировска.

Билјана Богдановска

Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Владимир Перчуклиевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

July 9, 2025
Фото: Скриншот Вимблдон

(ВИДЕО) Рекордно 14. полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон

July 9, 2025

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk