ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Најдени молци во гриз на „Сончева долина“, тие бараат мостра за да се утврди одговорноста

„Сончева долина“ веднаш ги исконтактирала потрошувачите кои го напишале постот со гризот за да се утврди, како што нагласува Цветанова, каде и чија е одговорноста.

February 21, 2020 16:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи, родители синоќа објавија фотографија од мелен гриз за деца, производ на „Сончева долина“, во кој, иако неотворен, има молци. Велат дека ова не е прв случај.

Од компанијата „Сончева долина“ тврдат дека нејзините производи се исправни и дека за да се утврди причината во конкретната ситуација, мора да се земе примерок од мелениот гриз, посочен и со фотографија на фејсбук.

Според Маја Цветанова, маркетинг менаџер во „Мак прогрес“, исправни се и мострите од линијата производи во кои спаѓа и мелениот ориз со молците.

„Сончева долина“ веднаш ги исконтактирала потрошувачите кои го напишале постот со гризот за да се утврди, како што нагласува Цветанова, каде и чија е одговорноста.

-Тоа беше пост од синоќа. Веднаш и пишав на членката на фб-групата дали ќе може да ни го даде примерокот од оризот за да видиме дали е проблемот произлезен од нас или од непрописно чување во маркетот, но, никако не успеавме да стапиме во контакт со неа. Понекогаш вакви рекламации се случуваат поради непрописно чување на производите во маркет. Мострите од таа линија производи што се чуваат кај нас во одделението за конторла на квалитет, се исправни. Затоа и ни треба примерокот, да се види лот бројот, ќесето – дали е можеби скинато, да се види фискалната сметка. Мора целосно да го истражиме случајот за да се утврди вината, рече Цветанова за МИА.

Во секој случај, додаде, реакцијата на потрошувачите е добра за компанијата зашто на тој начин може да се следат производите.

-Не можам да прифатам одговорност ако го немаме примерокот. Агенцијата за храна и ветеринарство  може слодобно да дојде кај нас. Ние сме етаблирана компанија која работи од 1996 година, по сите светски стандарди. Нашите производи минуваат низ сите контроли и сертификациски постапки. Не е дозволено да се случи ништо. Ако е наша вина, ќе ја преземеме одговорноста, напомена Цветанова.

Таа испрати и фотографија на која се гледа, како што наведува, дека е исправна мострата со датумот на производот, објавен на фб.

Директорот на АХВ, Зоран Атанасов, за МИА изјави дека веднаш ќе бидат испратени инспектори да го истражат случајот.

-Ќе испратиме инспектори да ја проверат и констатираат состојбата на лице место, нагласува Атанасов.

Како што велат за МИА други потрошувачи, не е прв пат да се случи во производ на „Сончева долина“ кој не е отворен, да се најдат молци. Некои од нив се обичниот бел и интергалниот ориз.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

July 3, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Повеќе лица повредени во пукотница во Чикаго

July 3, 2025

Почна кампањата за изборите за Горниот дом во Јапонија

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk