ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од понеделник почнуваат градежни работи во месноста „Цуцка“ на излезот од Велес кон Градско

Локалната власт овој вреден проект го доби со финансиска поддршка на Владата од 62,441 милиони денари а преку ЈПДП.

February 21, 2020 16:52
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од понеделник битолската фирма „Стентон Градба“ ќе почне со градежни работи кај свлечиштето од ридот Цуцка на излезот од Велес на регионалниот пат од Велес кон Градско.

Блаже Петров од „Стентон Градба“ за МИА информира дека веќе е направен договор во врска со исклучување на струјата додека се изведуваат градежните работи заради безбедност на работниците  и за ситни градежни пропусти на проектантот како што е изградба на канал помеѓу потпорниот ѕид и пругата.

Од Општина Велес попладнево сoопштија дека започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка” на регионалниот  пат од Велес –Градско  во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

Локалната власт овој вреден проект го доби со финансиска поддршка на Владата од 62,441 милиони денари а преку ЈПДП.

Од Општина Велес информираат дека за време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли)

Инаку, големи одрони на карпи  од  свлечиштето кај Цуцка на патот Велес – Градско и пругата Велес – Гевгелија се случија  пред скоро две години на 13 март 2018 година.

Next Post

Караџовски: Нема потреба од спроведување драстични мерки за прекинување на наставата во училиштата

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk