ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Деветто издание на конференцијата за социјален активизам „Engage“

Како што информира организаторот, деветта година „Engage“ обезбедува платформа за собир на македонски и странски активисти, поединци и заедници кои се борат за општествена промена. Конференцијата ја отвори Сара Мардини со својата приказна за патот како бегалка за време на војната во Сирија и нејзиниот ангажман како активистка за човекови права

February 22, 2020 20:59
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во организација на РадиоМОФ и Младинскиот образовен форум (МОФ), во Младинскиот културен центар (МКЦ) се одржа деветтото издание на конференцијата за друштвен активизам „Engage“.

Како што информира организаторот, деветта година „Engage“ обезбедува платформа за собир на македонски и странски активисти, поединци и заедници кои се борат за општествена промена.

Конференцијата ја отвори Сара Мардини со својата приказна за патот како бегалка за време на војната во Сирија и нејзиниот ангажман како активистка за човекови права.

– Мора да бидеме гласни за оние кои не можат да бидат и да размислуваме за кого гласаме пред да го направиме тоа, изјави Мардини.

Ена Бендевска и Калиа Димитрова од платформата „Медуза“, со својот инспиративен говор ги натераа присутните да размислуваат за поддршката што треба да ја дадеме како општество, особено кога се работи за жени жртви на насилство и притисокот што треба да го правиме за да добиеме одговорни институции.

Пред присутните се обрати и кинематограферот Фејми Даут од „Медена земја“, кој рече дека сите учат од Атиџе.

– Од денот кога почнавме да снимаме па се до денес учиме од Атиџе. Со нејзината смиреност и едноставност таа е многу посреќна од нас. Мојата презентација и она што сметам дека треба да се види, имавте прилика да го гледате веќе една година, сподели Даут.

На деветтиот „Engage“ се зборуваше и за демократијата, животната средина и човековите права. До крајот на конференцијата остануваат говорите на Бесијан Мехмети, кој ќе зборува за модерната архитектура и како училиштата од иднината создаваат нови можности за поквалитетно образование, Дан Лахав, како вештачката интелигнеција може да се искористи во подобрување на јавниот дискурс. Горан Кунгуловски ќе зборува за ДНК инженеринг, Михал Возниак за корупцијата и демократијата и Антонио Михајлов за првата парада на гордоста во нашата земја. Овој дел може во живо да се проследи на facebook страницата на РадиоМОФ или на engage.mk.

Првпат оваа година „Engage“ организираше и младинска сцена, „Engage Youth“ на која млади активисти и иноватори споделија искуства од нивната досегашна работа. Младиот Сашо Јандрески од Прилеп го презентираше шпирицот кој го откри со цел да им помогне на здравствените работници да се заштитат од зараза од Хепатит Б и Ц. На оваа сцена зборуваа и екипата на Адромета – платформа каде младите споделуваат искуства со врсничко насилство и Кариерниот центар од Гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ во Скопје кои го раскажаа своето искуство за организирање на настанот „Просветителка“.

Next Post

На денешен ден - роден е Данило Киш

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk