ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ниту ЗКП, покрај Законот за ЈО, не ги ограничува истрагите на СЈО

Предметите на СЈО кои се во фаза на истрага, согласно новиот Закон за јавно обвинителство, можат да продолжат. Од продолжението и крајот на истрагата ќе зависи колку обвинителни акти ќе се покренат и дали за некое од делата кои се истражуваат ќе има судски процес. Законот, покрај тоа што овозможува да продолжат сите започнати судски процеси по предметите на СЈО, отвора прилика во игра да се вратат и досиејата кои се фаза поназад – во истрага., пишува Нова ТВ

February 23, 2020 14:39
in ПРАВДА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предметите на СЈО кои се во фаза на истрага, согласно новиот Закон за јавно обвинителство, можат да продолжат. Од продолжението и крајот на истрагата ќе зависи колку обвинителни акти ќе се покренат и дали за некое од делата кои се истражуваат ќе има судски процес. Законот, покрај тоа што овозможува да продолжат сите започнати судски процеси по предметите на СЈО, отвора прилика во игра да се вратат и досиејата кои се фаза поназад – во истрага., пишува Нова ТВ.

Тоа значи дека уште голем број осомничени, пред се функционери и соработници на ВМРО ДПМНЕ, може да се најдат на листата со обвинети. Во предметите кои се истражуваа во СЈО, а кои сега може да се продолжат од истите обвинители, кои се распоредени низ другите обвинителства, има десетина случаи. „Империја“ е еден од поголемите во кој се истражува финансискиот криминал на Орце Камчев, Сашо Мијалков и на уште десетина други вмешани во пирамидата.

Антонио Милошоски е осомничен во предметот „Моќник“ со продажба на државно земјиште по ниска цена. Силвана Бонева е под истрага во „Друмарина“ за лажно прикажување на патни налози. Екс-министерот за здравство Никола Тодоров се гони за сомнителна набавка на медицинска опрема во
досието „Рентген“. Никола Груевски и Миле Јанакиевски се осомничени во „Актор“ со изградбата на делницата Демир Капија – Смоквица, а се проверува дали переле пари.

„Транспортер 2“ е резервиран за поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски и уште неколку други лица за малверзации со превозот на ученици. За ова дело веќе има активно обвинение наречено „Транспортер“. Ѓоко Поповски и уште едно лице се истражуваат во предметот „Странски служби“ за извештајот што го подготвиле во УБК кој требало да ја потврди верзијата на државниот
врв раководен од ВМРО ДПМНЕ дека имало клонирани базни станици низ Скопје кои го правеле незаконското прислушување, а не како што е вистината, дека тоа се правело во УБК.

Досието “Дизајн“, посветено на сомнителната набавка на двокатните автобуси за ЈСП, на одговорност го повикува Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ и уште неколку други лица. Во „Хармонија“ осомничени се Груевски, Јанакиески и Стевчо Јакимовски, обезбедиле имотна корист на еден приватен универзитет. Груевски заедно со Кирил Божиновски и уште неколкумина други се истражуваат во „Пропаганда“ затоа што контролирале медиуми со државни пари во партиски цели.

За целиот текст одете од Нова ТВ – ТУКА

Next Post

Локвенец: Спасени се доказите, спасени се предметите, не е спасен само криминалот на ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk