ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Екологистите ја поздравија новата стратегија за енергетика

Напуштањето на јагленот како енергенс значи и исполнување на обврските превземени од меѓународни сојузи и договори, меѓутоа уште позначајно значи заштита на здравјето на граѓаните, особено во регионите со јаглен.

February 24, 2020 15:49
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Новата стратегија за развој на енергетиката во земјава за прв пат предвидува напуштање на јагленот како енергенс и транзиција кон обновливи извори на енергија, соопштија од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“.

„Сакаме да ја поздравиме ваквата одлука на Владата која според нас значи движење кон нискојаглероден развој на земјата и ублажување на климатските промени“, велат од „Екосвест“.

Од таму нагласувааат дека стратегијата во две од три можни сценарија предвидува затворање на сите термоелекрани на јаглен во земјата и транзиција кон обновливи извори на енергија. Планирани се вкупно 120MW соларни капацитети на локацијата на поранешниот рудник за лигнит во Осломеј каде ќе се пренасочат и дел од вработените од термоелектраната.

„Владата презеде храбар чекор со тоа што дозволи граѓанските организации да бидат вклучени во раните фази на подготовката на стратегијата. Ова резултираше со стратегија со јасен патоказ кон напуштање на јагленот, што воедно носи големи можности за инвестиции во обновливи извори на енергија, но и одговорност за националните и за локалните власти. Во моментов е искучително важно да се работи со локалните заедници со цел да се испланира сеопфатна праведна транзиција на регионите зависни од јаглен во Осломеј и Битола, и да се обезбеди дека никој нема да биде оштетен“, вели Невена Смилевска, програмски координатор за клима и енергија во Еко-свест.

Напуштањето на јагленот како енергенс значи и исполнување на обврските превземени од меѓународни сојузи и договори, меѓутоа уште позначајно значи заштита на здравјето на граѓаните, особено во регионите со јаглен.

„Термоелектраните на јаглен сериозно го нарушуваат здравјето на граѓаните од регионите каде се присутни, меѓутоа и во целата земја па и преку границите на нашата земја. Се надеваме дека одлуката за напуштање на јагленот како енергенс ќе се зацврсти дополнително и со забрана за загревање на домаќинствата со јаглен“- вели Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.

Стратешко планирање на нискојаглероден развој претставува значителен придонес кон ублажување на климатските промени и заштита на домовите и храната на граѓаните, но мора да се размислува за напуштање на сите фосилни горива и одржливо преминување кон обновливи извори на енергија.

„Напуштањето на јагленот е чекор напред, но во планирањето мораме да бидеме внимателни со оформувањето на енергетскиот микс на земјата, вклучително и процесот на гасификација кој може значително да ги зголеми штетните емисии. Заштита на климата и на екосистемите значи дека и обновливата енергија мора да биде одржлива, а ова подразбира внимателен однос кон планирањето на хидроенергетските проекти поради нивното потенцијално негативно влијание врз животната средина“, вели Давор Пехчевски, координатор за кампањи против штетноста на фосилните горива во CEE Bankwatch Network.

Next Post

Владанка Димковска: Мултикултурализмот е златото во едно општество – а не болест!

НАЈНОВО

куче

Во Италија има повеќе миленици отколку новороденчиња – демографската криза станува алармантна

November 15, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

November 15, 2025

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk