Двајца мажи од Скопје се тешко ранети ноќеска во Скопје, дознава „Слободен печат”.
Ранетите, ноќеска двасеттина минути после полноќ, со возило „ауди”, додека минувале по улицата „Ферид Бајрам” биле нападнати.
Кон нив било пукано, при што возачот и совозачот од „аудито” се тешко ранети. Со возило на Итна помош тие биле пренесени во болницата “Систина”.
Според информациите на МИА, се работи за двајца скопјани И.А (29) и С.Р (35). Пукотницата се случила синоќа 21 минута по полноќ на ул.„Ферид Бајрам“, по што се пренесени во болницата „Систина“ за укажување медицинска помош.
Од МВР за МИА потврдуваат дека полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека И.А и С.Р. , биле повредени од огнено оружје и било оштетено патничко возило „ауди“, сопственост на Е.С (33) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.