ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Државата го подигна нивото за заштита од Ковит 19, да не се патува во Италија

Сепак, сите патници кои ќе доаѓаат во земјава од критичните региони во северна Италија, ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани. Ќе се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан со цел контролата да биде што поконцентрирана.

February 25, 2020 08:44
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Без итна потреба да не се патува во критичните региони во северна Италија, а патниците кои доаѓаат од таму ќе бидат под засилена здравствена контрола на граничните премини, и по потреба ставени во изолација во медицинска установа. Државата го подигна нивото на заштита и превенција од коронавирусот Ковит 19, особено по неговото ширење во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања каде што престојуваат околу 23.000 државјани на Северна Македонија.

Засега, според информациите на нашите ДКП во Италија, нема заболени македонски граѓани од коронавирусот.

Сепак, сите патници кои ќе доаѓаат во земјава од критичните региони во северна Италија, ќе бидат детално инервјуирани, прегледани и по потреба тестирани. Ќе се упатуваат и пропуштаат само на неколку гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Табановце и Ќафасан со цел контролата да биде што поконцентрирана.

На граничните премини се одредени посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба. На Скопскиот аеродром, со термална камера ќе се следат сите патници кои пристигнуваат, а не како досега само тие од Дубаи и Истанбул. Со безконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците кои ќе пристигнат од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид.

Доколку се јави потреба, обезбедени се простори за изолација на патници кои треба да бидат мониторирани 14 дена, и во прво време тоа ќе бидат инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар, кои ќе бидат обезбедувани од полицијата.

Формиран е и кризен штаб во Министерството за здравство што ќе ги координира сите активности на надлежните институции. Кризниот штаб секојдневно ќе одржува брифинзи за најновите информации од теренот.

Покрај апелот да не се патува во регионите каде што се регистрирани случаи на Ковит 19, Владата денеска на седница ќе дискутира и за одложување на сите организирани посети на Италија.

Од МНР препорачуваат зголемени мерки на претпазливост при патување во реоните Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, а повеќе информации граѓаните може да добијат на travel.mfa.gov.mk , како и во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или на е-маил venice@mfa.gov.mk

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за превенција според кои, треба да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни, да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирови продукти и да се мијат задолжително рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца треба добро термички да се обработат, да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно, а да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема.

Исто така, треба да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни. Задолжително и често да се мијат раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол, при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката, по употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти, а при кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

По проширувањето на Ковит 19 во Италија каде што досега починаа седум лица, а над 220 се заразени, вонредни мерки за заштита преземаат и другите земји во регионот и Европа.

Во Словенија беше свикан Советот за национална безбедност, грчката Влада одржа вонредна седница и наложи одложување на ученичките екскурзии во Италија, а мерки и активности за реагирање при евентуална појава на коронавирусот се спроведуваат и во Србија, Албанија, Косово, Бугарија и Хрватска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево со мала до умерена облачност

НАЈНОВО

Без електрична енергија дел од Центар и Долно Лисиче

October 15, 2025
Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

October 15, 2025

Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk