пишува: СНЕЖНАТА КРАЛИЦА
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) откако слушна дека за денес се планира протест за правда на ВМРО-ДПМНЕ на кој се очекува да учествуваат преку еден милион посетители, со писмено известување до редакцијата на АХА, замоли да реагираме до организаторите за да го одложат протестот поради опасноста од корона вирусот.
Екипата на АХА стапи во контакт со Мицкоски, и му ја пренесе пораката од директорот на СЗО, но тој вели – обезбедивме 1.3 тони ситно сецкан лук, корона вирусот нема да помине. Дополнително од Белата Палата соопштуваат дека протестирачите се заштитени и од добрата аура што ја шири околу себе партијата докажан борец за правда, која се залага за правдина на сите во целиот свет.
Со реакција се јави и италијанскиот весник „Ла верита“, од каде рекоа дека преку Словенија ќе испратат и 2.5 милиони килограми Унгарски ГМО лук за секој случај, ако нашиот не врши работа.
БРЕЈКИН: Мицкоски вели дека унгарскиот ГМО лук е веќе пристигнат и распореден на 4 пунктови.
„Правдата ќе ја донесеме, КОРОНАТА ќе ја победиме!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK