Партијата во чие раководство, пратеничка група, органи и тела има дестици обвинети за тешки криминали од времето на Груевски, излезе да протестира за правда. Зошто би протестирал ВМРО ДПМНЕ? Еве неколку причини:
- Затоа што досега ниту еден од десетиците обвинети кои беа во служба на партијата и власта на Груевски не го видовме да помине затворска капија?
- Затоа што предмети се држат во фиока, и се одлоговлекува разрешница на судења за обвинети од врвот на ВМРО ДПМНЕ?
- Затоа што застаруваат случаи против луѓе кои беа и се во врвот на ВМРО ДПМНЕ?
- Затоа што не се закажуваат рочишта, некаде и по цела година, во случаи во кои се обвинети луќе од врвот на ВМРО ДПМНЕ?
Зачудува протест на партија против судство и обвинителство кое досега направи се да ги спаси нејзините челници и соработници од одговорност.
Овој протест може да го наречете секако. На пример: Марш за поддршка на заробеното правосудство. Марш на криминалот против правдата. Протест на мафијата, за спас на Фамилијата. Секако ќе оди, оти има логика, факти, докази, чувме и видовме сè. Само протест за правда – некако не иде, зарем не?!