ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Анкета на „Стратум R&D“: Заев ќе биде премиер по изборите

Согласно резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31,4 отсто од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, додека 24,9 отсто сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

February 26, 2020 16:03
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде премиер по предвремените парламентарни избори на 12 април годинава, покажува последната анкета на Медиумската групацијата „Клип медиа“ во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“.

Попозитивна проекција за иднината на граѓаните е доколку СДСМ остане на власт

Во однос на сите прашања видлива е поларизација кај гласачкото тело меѓу двете најголеми политички партии, има одредена разочараност кај неопределните граѓани, а највидлива во делот на правосудството.

Согласно резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31,4 отсто од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, додека 24,9 отсто сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, 37 отсто се плашат дека состојбата ќе се влоши, додека пак истото за СДСМ го мислат 34,2 отсто. Ако остане ДУИ на власт, пак, дури половина од гласачите очекуваат влошување на состојбата.

Граѓаните сметаат дека Зоран Заев ќе биде премиер по изборите на 12 април

Ставовите кон лидерите на двете најголеми политички партии одат во прилог на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, па така, најголем број  43 отсто од испитаниците сметаат дека тој заслужува, целосно или делумно, да биде премиер.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, 31 отсто од граѓаните сметаат дека тој заслужува, целосно или делумно, да биде премиер.

Очекувањата на граѓаните, според ова истражување е дека Зоран Заев ќе биде следниот премиер, по изборите на 12 април.

На прашањето „Кој ќе биде следниот премиер“  37 отсто од граѓаните сметаат дека тоа ќе биде Зоран Заев, а 25 отсто дека тоа ќе биде Христијан Мицкоски.

Која партија заслужува да биде владејачка партија е прашањето на кое граѓаните сметаат дека СДСМ е партија која заслужува да формира Влада по изборите со 44 отсто, потоа 34 отсто сметаат дека тоа е ВМРО ДПМНЕ, и 17 отсто дека тоа треба да биде ДУИ.

Најголеми проблеми на кои треба да се фокусира Владата се економијата, борбата против криминалот и корупцијата, реформите во правосудството и покачувањето на платите.

Од актуелните теми, најголем процент од граѓаните, 47 отсто сметаат дека носењето на Законот за јавно обвинителство е чекор напред во борбата против криминалот и корупцијата, наспроти 37 отсто кои сметаат дека не е.

Законот за ЈО се оценува како неопходен за зголемување на ефикасноста во борба против криминалот и корупцијата, и најсилен мотив за донесување на овој Закон е добивање на датум за преговори со ЕУ, пренесе „А1Он“.

Целта на анкетата беше да се идентификуваат клучните ставови на граѓаните за политиките, за иднината, но и за најактуелните политичари на нашата политичка сцена.

Истражувањето е спроведено преку телефонски интревјуа, на 900 испитаници, од целата територија на државата.

 

Next Post

Шилегов по избори ќе ги „реши“ спомениците од „Скопје 2014“

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk