ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Фортонмка“: Цените на становите ќе останат стабилни, освен во Центар и Карпош

– Се продаваат повеќе станови отколку што општината издава одобренија за градба и природно е доколку овој тренд продолжи побарувачката да биде многу поголема и да има притисок врз цените. На краток рок нема да има импликации, но доколку овој тренд продолжи, тоа ќе се случи, истакна извршниот директор на Фортонмка, Влатко Богоевски на денешната прес-конференција.

February 26, 2020 14:26
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на становите ќе останат стабилни, освен во општините Центар и Карпош каде се очекува зголемување на цената доколку продолжи сегашната ситуација со помал број одобренија за градба, а поголем број на продадени станови, покажуваат податоците за пазарот на недвижности што денеска ги презентираше „Фортонмка“, консултантска компанија за недвижен имот.

Во овие две општини се и највисоки цените за квадрат, односно во Центар просечната цена за метар квадратен без ДДВ изнесува 1.062 евра, а во Карпош 1.022 евра.

– Се продаваат повеќе станови отколку што општината издава одобренија за градба и природно е доколку овој тренд продолжи побарувачката да биде многу поголема и да има притисок врз цените. На краток рок нема да има импликации, но доколку овој тренд продолжи, тоа ќе се случи, истакна извршниот директор на Фортонмка, Влатко Богоевски на денешната прес-конференција.

Аеродром е традиционално една од општините каде најмногу се гради во последните години и каде се издаваат најмногу одобренија за градба. Така, во 2019 година во оваа општина се издадени 1.542 одобренија за градба. Цената за метар квадратен изнесува 909 евра за метар квадратен.

Очекувањата се дека во следниот период ќе растат и цените за трговските центри, додека цените за канцелариски простор ќе останат стабилни.

– Нема слободен простор во шопинг центрите како „Сити мол“ и „Рамстор“. Се бара место повеќе. Ова е некарактеристично за која било земја. Ова кажува дека интересот за локации во шопинг центрите е многу голем од страна на брендовите, истакна Богоевски.

Цената за атрактивна локација во шопинг центрите е 39 евра за метар квадратен, а просечната цена на локациите се движи од 9 до 21 евро.

Годинава се очекува да биде готов трговскиот центар во Охрид кој се гради кај автобуската станица,  додека во Скопје очекувањата се дека во 2021 година ќе биде готов „Gate maill“ кој ќе биде најголем во државата со површина од 56.800 метри квадратни нето површина. Ќе се гради и „Џевахир мол“ на околу 16.000 метри квадратни.

Податоците на „Фортонмка“ покажуваат дека Скопје е град во кој степенот на поврат од инвестициите е помал во споредба со регионалните центри во Србија, Бугарија и Романија.

Next Post

Јовановиќ: На убијци, злосторници и криминалци, оваа земја без борба не ја даваме

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk