Жена која се врати од Италија, е првиот случај на заболена од корона вирус во Македонија.
Таа престојувала еден месец во Италија, каде боледувала веќе две недели, но било утврдено дека не претставувала опасност за оние кои со неа патуваат дека ќе им ја пренесе болеста, рече министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција во Владата. Првата пациентка со потврден корона вирус е родена 1970 година.
Според него, жената е сместена на Инфективната клиника во Скопје и дека се следи протоколот за справување со болеста.
Тој повика на придржување до мерките за заштита од корона вирусот и дека нема место за паника, иако, потенцира и во Грција вњеќе е потврден прв случај на заболен од корона вирусот.