ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Забранета е посета на пациентите во штипската Клиничка болница

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека како една од превентивните мерки е и тоа што од денеска во болницата е забранета посета на пациентите на сите одделенија. Тој поднел и барање за добивање маски, заштитни наочари и скафандери за персоналот, а дополнителна набавка врши и болничката аптека

February 26, 2020 16:15
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Лекарите и медицинскиот пероснал на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница се подготвени во случај да имаат сомнителни случаи на заболени или лица кои биле во контакт со заразени од коронавирусот, а кои евентуално би се сместиле во изолацискиот центар на ова одделение.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев на денешната прес-конференција истакна дека како една од превентивните мерки е и тоа што од денеска во болницата е забранета посета на пациентите на сите одделенија. Тој поднел и барање за добивање маски, заштитни наочари и скафандери за персоналот, а дополнителна набавка врши и болничката аптека.

– Задолжена е болничката аптека да обезбеди доволно количини на дезинфекциони средства за подови, површини, раце. Доволни количини на инфузиони раствори и лекови и се она што ние треба да го имаме како болница, вели Ѓеорѓијев.

Тој апелираше на социјалните мрежи да не се шири паника и да се креираат лажни вести во врска со корона вирусот, а граѓаните единствено треба да ги следат препораките на надлежните институции. Се уште не е прецизирано до крај како ќе тече постапката, но некои работи, посочи, ќе се решаваат во зависност од бројот на евентуално заболени. Според него, јасно е дека ако има поголем број пациенти тоа подразбира целосно затворање на инфективното одделение за останатите пациенти и посебно возило за транспорт до Инфективната Клиника во Скопје ако се утврди присуство на вирусот.

Медицинскиот персонал вчера попладнето имал и обука, а на  штипското Инфективно одделение во моментот работат тројца лекари инфектолози, но им помагаат и двајца општи лекари, додека за пациентите се грижат 11 медицински сестри.

Next Post

Скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра, бебе има дивиденда од милион денари

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk