ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Рајнхард Прибе за носител на листа

Но странските дипломати, за жал, ги нема на македонскиот избирачки список. А докажано, потребна ни е нивната енергија постојано да нè извлекуваат од сопствениот примитивизам. Еве и сега пред датумот за почеток на преговорите сè зависи од нив. На пролет преку труп ќе не турнат во преговорите. Не како резултат на нашите резултати, туку од нивните принципи и ветувања поради Преспанскиот. Сето поради фактот што двете водечки политички структури уште не најдоа за умно барем малку да се европеизираат.

February 27, 2020 10:40
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од корнер: Зоран Иванов

Разочараноста на граѓаните од партиски елити би требало да е добра можност за престојните избори партиите конечно да завртат друг лист. Да ги стегнат своите кадровски критериуми. На македонската политичка сцена да им престават личности. Афирмнирани, докажани, способни, авторитетни, ценети во својата струка, почитувани во средината во која работат и респектирани од нивните конкуренти.

Има такви, има. Но партиските водства опкружени со конверити, лицемерни клентелисти и корумпирани полтрони, не можат да ги видат. За нив се тие незабележливи зашто таквите не се лакташи, улизици, гребатори. Резултатот на тој партиски амбиент, на таа магична внатрешно партикса кадровска затвореност, државата и општеството ги доведоа до атрофија.

Во овие три децении со нашите партии криза до криза. На секоја ни попуваа и од неа нè извлекуваат странци. Без нив досега ќе отидевме јабана. Самите ништо. Додека македонските партиски експоненти меѓусебе си ги копаат очите, странците, меѓународната заедница, беа и уште се тие кои бдеат над нашата безбедност, меѓутетничка сигурност и унитарност.

Клучните партиски фактори уште не најдоа за умно барем малку да се европеизираат. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не го напуштаат примитивизмот во меѓусебната комуникација дури и кога теми се највиталните државни интереси. Дури и нивните програмски декларации за интеграции се туркаат исклучиво преку директната помош однадвор. Практично ништо без странците. Ништо без посредувањата на меѓународна заедница. Без оглед на нивните мотиви, излегува дека таа е повеќе заинтересирана за нашите стратегиски цели отколку се тоа нашите политички водства.

Но странските дипломати, за жал, ги нема на македонскиот избирачки список. А докажано, потребна ни е нивната енергија постојано да нè извлекуваат од сопствениот примитивизам. Еве и сега пред датумот за почеток на преговорите сè зависи од нив. На пролет преку труп ќе не турнат во преговорите. Не како резултат на нашите резултати, туку од нивните принципи и ветувања поради Преспанскиот. Сето поради фактот што двете водечки политички структури уште не најдоа за умно барем малку да се европеизираат. Дури ни ова сегашно постпреспанско и интеграциско време не им е доволен мотив разумно да се посветат на дофатливите евро интеграции.

Затоа, како од насловот на текстов, да дозволиме странци да се најдат на партиските изборни листи. Белким тоа ќе помогне изборните битки да не се сведуваат само на примитивна борба за државниот буџет. За клучот до тие големи пари со кои кај нас се владе со сè и со сите. Со стопанството, компаниите, тендерите, инвестициите, платите, вработувањата…

Странци макар како контрла на патот на интеграциите. Без нив, уште поприлично долго, не ќе нè бива. Па кога е веќе потврдено така, ако граѓаните не им веруваат на нашите, тогаш за своите изборни листи партиите нека си позајмат странци на кои граѓаните желни за правда и за елемнтарно спастрена држава ќе им ја даваат довербата.

Неможно е тоа да се случи. А баш некако би било добро. Би било супер да победи партија која на својот кандидатски список ќе има и докажани и посветени странци.

Еве, на пример, која партија ќе го има германскиот експерт Рајнхард Прибе за носител на листа.

Извор: ЦИВИЛ Медиа


Сите права се задржани.

Next Post

Обвинителството отворило предмет за случаите што Јово Вангеловски ги криел во фиока

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk