Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето. Освен што е криминален, кичерајски, болноумен и слично, проектот Скопје 2014 е и небезбеден за животите на луѓето, напиша градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил.
По синоќешното невреме, при што ветерот откорна неколку кровови и дрвја, екипите на Град Скопје до раните утински часови ги расчистуваа улиците.
-Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе, напиша градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.
По силното невреме го синоќа го зафати Скопје, покриви во згради завршија на булеварот Паризански одреди, во Карпош 4, кај трговскиот центар Антико.
Прво паднал еден кров, а по кратко време, од соседните згради излетале и други два покривa.
И.Т.З.