Мега скандалот за црните пари во медиумите добива широки размери. Словенечките медиуми објавија дека најмалку четири милиони евра, од август 2018 година за финансирање на медиуми од калибарот на словенечката десница SDS и за политичко-разузнавачко-медиумската операција насочена кон уривање на влезот на Северна Македонија во НАТО, дошле во Словенија од сметките и компаниите на членови од тесниот круг на Виктор Орбан, отворени во Лондон.
Словенечкиот necenzurirano.si ја прикажува следната шема за тоа како се распоредувале парите од Орбан во Словенија и во Македонија:
ФРОНТЛАЈН дојде со информации дека како главен играч во скандалот со црните пари од Унгарија, а користени за македонски медиуми, може да се посочи Петер Шац од Будимпешта. Пред две и пол години неговото име се појави во Централниот регистар на компании, како еден од сопствениците на телевизија Алфа. Неговото преземање на телевизијата коинцидира со периодот кога Зоран Заев ја формираше Владата, кон средината на 2017-та. Како втор сопственик се појавува името на анонимниот српски државјанин Горан Балаќ од Земун, со што се воспоставува унгарско-српско-македонската релација.
Пред повеќе од две недели, и пратеникот во Европскиот парламент и поранешен лидер на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Ги Верхофстад на Твитер напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО во Северна Македонија и Словенија.
„Виктор Орбан финансира анти-ЕУ и анти-НАТО сили во Словенија и Северна Македонија. Крајно време е ова да престане” напиша Верхофстад.
На истата тема истражува и анализира ИРЛ. (Сашка Цветковска од ИРл, Бланка Золди од Директ 36 Унгарија и Анушка Делиќ од Остро Словенија, членки на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција со чијашто уредничка поддршка е направено ова истражување).
Во продолжение, извадок од истражувањето на ИРЛ.
Рекламите за маслиново масло, како и други реклами кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми за реклами на фирми од Унгарија кои ниту имаат вработени ниту имаат приходи, пишува ИРЛ.
Влијателни навивачи на унгарскиот премиер Виктор Орбан испумпале повеќе од 3.2 милиони евра во Северна Македонија преку нивната мрежа од медиуми во регионот. Тоа се правело преку сомнителни транскации за маркетинг услуги кои се предмет на истрага на македонските и словенечките институции.
Парите биле трансферирани во две медиумски компании во Македонија кои што му припаѓат на Петар Шац, унгарски медиумски директор. Во Македонија стигаат преку фирма на Шац која што тој ја поседува во Словенија. Телевизиски и веб реклами се предмет на договорот меѓу словенечката компанија и македонските фирми на унгарскиот државјанин. Една од рекламите нуди маслиново масло, додека другата е веб сајт којшто продава разни ситници, меѓу кои што и магнети за фрижидер. Двете компании кои што се предмет на реклама се унгарски. Се чини дека ниту една од нив не продала ништо во Македонија, што ја доведува во прашање целта на трансакциите.
Македонската финасиска полиција го истражува овој случај, според документите до кои што дојде Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција. Сомнежите се дека парите доаѓаат од сторени дело “перење пари”, а се отвара и можност истите да се “исцедени” од унгарските државни фондови преку нивниот концепт на државно финансирање на медиуми.
Во Македонија, истрага за перење пари може да се покрене ако финансиската полиција има дојава или допрен глас дека големи суми на пари од непознато потекло се трансферираат во земјава дури и ако не постои индикација дека потеклото на парите е криминално во моментот на отварање на истрага.
Рекламите за маслиново масло кои постојано се емитуваат на Алфа веќе се предмет на истражувања и во унгарските медиуми. Документите на партнерите покажуваат за прв пат како огромните суми за реклами се префрлале во Македонија во про-орбановите медиуми.
Искусни експерти за маркетинг ги прегледаа договорите и фактурите до кои дојдоа ИРЛ, OCCRP, Остро – Словенија и Директ 36 од Унгарија. Сите тие потврдија дека во овие договори не можат да најдат смисла и економска логика.
Извештај, односно пријава на Финансиската полиција во Македонија ги опишува транскциите на Шатц вака: “базирани на сомнителни фактури за продукти кои не постојат на македонскиот пазар”. Овој документ вели дека парите доаѓаат од извршено кривично дело и се легализирани преку компании во Северна Македонија. Ова е, всушност, известување кои што Финансиската полиција го испратила во Јавното обвинителство каде што известува што работат и бара привремени мерки за замрзнување на сметките на македонските компании во сопственост на Петар Шатц со оглед на фактот “дека потеклото на парите е непознато и претставува основа за истрага за перење пари согласно македонското законодавство”. Сепак, не е јасно за какво кривично дело станува збор, дали парите доаѓаат од коруптивни активности, дали се “исцедени” од државни фондови во Унгарија. Единствено е јасно дека потеклото е непознато.
Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми потврдува дека истрагата се води, а дојавата стигнала од финансиското разузнавање кое што во комуникација со колегите од Словенија добило информација за пренос на сомнителните средства. ИРЛ доби потврда од повеќе обвинители во ОЈО дека знаат за случајот, но не добивме официјална информација зошто не се постапува по барањето за замрзнување сметки. Словенечките институции за нашите партнери во Остро и официјално потврдија дека во Словенија се води истрага уште од 2018 година, а којашто се однесува на сомнежите за нелегално финансирање на медиуми за политички цели. Детали не беа споделени.
Парите кои што се пренесуваат од Словенија во Македонија доаѓаат во време кога и двете земји се соочуваат со нови избори, а пријателските партии на Виктор Орбан се стремат повторно да ја преземат власта. И во двете држави е нелегално странски држави да финансираат политички партии, но не е нелегално да се финансираат медиуми.
Нелогични рекламни услуги
Медиумите кои некритички ги пренесуваат пораките на Виктор Орбан, поддржани со државни реклами, долго време доминираат во медиумското опкружување на Унгарија. Годините на мали чекори кон изградба на централизирана пропагандна машина кулминираа во 2018 година со создавање на Централноевропската фондација за печат и медиуми, која сега контролира над 100 провладини медиуми, се вели во извештајот на асоцијацијата на организации за слобода на печатот од Унгарија.
Во меѓувреме, медиумските тајкуни наклонети кон Виктор Орбан почнаа да гледаат преку сопствените граници кон поранешна Југославија и поширокиот балкански регион.
Во пролетта 2017 година, лица блиски до унгарската влада, вклучувајќи го и Шатц, ги поместија границите на своите бизнис активности во медуиумите во Словенија и во Северна Македонија.
Во двете земји се купуваат весници, веб сајтови, радија и телевизии. Во Македонија сите овие медиуми му даваа силна поддршка на Никола Груевски, а во Словенија тој човек беше Јанез Јанша. кои го поддрѓуваа поранешниот премиер во Македонија – Никола Груевски и Јанез Јанпа во Словенија – кои важат за пријатели на Орбан. И двајцата политичари се популисти, десно ориентирани како и унгарскиот лидер, нагласувајќи ја наводната закана од мигранти и декларирање на влијанието на унгарско – американскиот филантроп, роден во Унгарија, Џорџ Сорос.
Унгарците во Северна Македонија пристигнаа во лош период за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Во тој период имаше протести против криминал и корупција, а медиумите кои беа финансирани со владини реклами престанаа да добиваат средства од државниот буџет по повлекувањето на Груевски од премиерската позиција во 2016 година.
По поразот на партијата Груевски во 2017 година, соочен со криминални обвиненија и пресуда од две години затвор, тој избега во Унгарија, каде Орбан широкоградно го пречека и каде што доби азил, и покрај тоа што македонските власти се обидуваа да го екстрадираат. Тој и натаму живее во Унгарија.
Во 2017 година словенечката компанија во сопственост на Шатц, РИПОСТ, потпиша договор за рекламирање со Таргет Медиа, главната фирма за медиумските компании во Македонија.
На документ од само две страни е објаснето како РИПОСТ треба да и уплати на Таргет медиа 2,94 милиони евра за реклами и други услуги во период од 21 месец.
Договорот содржи едвај две страници, но во голем мера покажува како Р-ПОСТ-Р од Словеноија треба да и плати на Таргет Медиа 2,94 милиони евра за рекламирање и други услуги во текот на 21 месец.
Потписот на Шатц се појавува двапати на крајот од договорот во јули 2017 година: како претставник и на „давателот на услугата“ и на „примателот на услугата“.
Според информации од Финансиската полиција, словенечката компанија на Шатц на неговата Таргет медија во Македонија во период од август 2017 до февруари 2019 и префрлил вкупно 2,85 милиони евра.
ИРЛ дојде и до две фактури кои биле издадени од Таргет во Македонија. Едната е на речиси 120,000 евра, другата на околу 10,000 евра. Во едната воопшто не е специфицирано што е предмет на услугата, односно која реклама, додека во другата кусо е опишано дека услугите се однесуваат на рекламирање на компанијата Бониарт.
„Ова не е соодветен договор“, изјави македонски експерт за маркетинг за Истражувачката репортерска лабораторија. Договорот не вклучува детален буџет и се чини дека цената на услугите е пренадувана, вели тој.
Најголемиот клиент во една голема скопска агенција за маркетинг, каде нашиот соговорник работи 15 години, потрошила помалку од 500.000 евра годишно за реклами што се појавуваат на секоја национална телевизија, радиостаници и портали.
“Поентата на рекламирањето е да креирате да речеме сепристуност на брендот. Колку луѓе знаат за овој бренд, еве да речеме ова масло. Не може да се најде никаква оправдана економска логика. Јас во мојата кариера не сум видел волку едноставен кус договор за маркетинг услуги”, вели тој.
Покрај договорот и фактурите на Таргет медиа, Финансиската полиција открила и слични фактури испратени до Алфа телевизија директно од Р-ПОСТ-Р вредни околу 440.000 евра.
Во документите до кои дојде ОССРП воопшто нема кои производи се рекламираат, или само се спомнува Бони арт, онлајн продавница од Унгарија.
И покрај огромните трошоци за рекламирање, според финансиските извештаи обезбедни од партнерите во Македонија, Словенија и Унгарија Од македонската царина изјавија дека немаат податоци дека биле увезени продукти од Оливери или Бониарт во Македонија.
Оливери е унгарска фирма, која продава маслиново масло кое го произведува фамилијарна фирма на остров во Далмација, Хрватска. Новинарите на ОССРП не можеа да најдат било каква трага од Оливери во Хрватска, но сепак успеаја да нарачаат шише со маслото преку нивниот веб сајт. Маслото пристигна во Будимпешта, со етикета која ја покажува Хрватска како земја на потекло.
Во моментов во фирмата нема вработени, а во 2018 година имала добивка од 2,4 милиони форинти, или околу 7.400 евра, според унгарскиот деловен регистар.
Тој тврди дека неговата компанија се рекламира и во Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати и дека има „добра побарувачка“ за неговите производи. Прометот на БониАРТ се зголеми во последните години, при што приходот достигнал повеќе од 200 милиони форинти (630.000 евра) во 2018 година. Неговиот профит таа година, сепак, беше само 2,1 милиони форинти (околу 6.700 евра).
Унгарскиот гасовод
Македонската полиција се сомнева дека парите користени за зајакнување на медиумите за про-Орбан потекнувале од Унгарија пред да поминат низ Словенија, а ова за колегите од финасиското разузнавање го потврдија и во Словенија.
„Нашите словенечки колеги не известија дека парите доаѓаат од Унгарија“, велат од финансиската полиција за ИРЛ.
Исто така, во документот испратен до Јавното обвинителство пишува дека финансиската полиција добила известување и од финансиско разузнавачката служба, која ги пријавила трансферите на пари од Словенија и Унгарија. “(Унгарските обвинители рекоа дека не биле информирани за ова, додека полицијата не даде никаков коментар)
Словенечкиот портал Нецензурирано.сл, неодамна објави дека Р-ПОСТ-Р од авгист 2018 година добил најмалку 4 милиони евра од неколку компании поврзани, вклучувајќи ја и Рипост Унгарија, и дека парите подоцна биле префрлени на медиумите во Словенија и Македонија. Порталот не објави никакви документи што го поддржуваат ова тврдење и OCCRP не можеше да ги потври.
Документите на унгарската компанија покажуваат проток на средства помеѓу унгарскиот медиум „Рипост“ и Р-ПОСТ-Р. Повеќе од сто милиони форинти, или 350.000 евра, биле префрлени на словенечката компанија за неодредени услуги во 2017 година.
Документите на словенечката и унгарската компанија исто така покажуваат финансиски трансакции помеѓу Р-ПОСТ-Р и Рипост Унгарија. Според документите во 2017 година компанијата прикажала и долгови од 350 000 евра кон други фирми.
Документите на унгарската компанија од 2018 година покажуваат дека Р-ПОСТ-Р бил снабдувач на унгарскиот „Рипост“, кој требал да плати повеќе од сто милиони форинти (348.000 евра) за словенечката компанија за неспецифицирани услуги.
Документите на словенечката компанија исто така покажуваат дека Р-ПОСТ-Р сместена во Љубљана потрошила значителен дел од своите приходи на договорот со „Таргет Медиа“ во 2017 и 2018 година. Според договорот во 2018 година, словенечката компанија „Шатц“ требала да пренесе 1,7 милиони евра, или 37 проценти од годишните приходи на неговата македонска компанија. Во 2017 година, таа требаше да пренесе 700.000 евра за Македонија, или 34 проценти од годишните трошоци. /истражување ИРЛ/
Засега во Македонија нема истрага за црните пари кои влегле во македонските медиуми.